14.01.2013, 15:56 Кипар да престане да пере пари
Малата островска држава има голем офшор банкарски сектор, кој е популарен кај руските и украинските бизнисмени
БРИСЕЛ – ЕУ комесарот за финансии Оли Рен им се приклучи на апелите за Кипар да ги прекине банкарските измами ако сака помош од ЕУ. Зборувајќи за германскиот весник „Ханделсблат“, тој изјави дека Кипар ги прифатил меѓународните правила против перење пари „но овие закони всушност треба да бидат и применети. Тој забележа дека Пир Штајнбрук – кандидат на германската СПД на есенските избори – „лично“ му кажал дека ќе се спротивстави на планот за спас доколку Кипар не ги расчисти своите акти.
Коментарите на комесарот го фатија во лага Кипар дека перењето пари и даночно затајување не се дел од преговорите на ЕУ за негово потенцијално спасување со 17 милијарди евра.
Малата островска држава има голем офшор банкарски сектор кој е популарен кај руските и украинските бизнисмени. Тој, исто така, се бори против предлозите дека неговите странски кредитори треба да доживеат кратење на нивните пари по модел на грчкиот пакет за спас.
Според германските закони, Бундестагот треба да го одобри секој ЕУ договор за спас. Но, ако СПД и другите скептици за пакетот за спасување – левичарската партија Ди Линке, Зелените и бунтовничките парламентарци во коалицијата на канцеларката Ангела Меркел – се спротивстават на договорот, владата нема да го истурка.
Првиот човек на СПД, Сигмар Габриел, пред медиумите изјави дека Кипар не направи доволно за да заслужи да му се помогне. Меркел во четвртокот забележа: „нема да има специјални услови за Кипар бидејќи имаме општи правила во Европа што важат за сите“. |