Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
11.01.2013, 14:48
СДСМ: Има време до 24 март да се договориме



Доколку постои политичка волја кај власта, од опозицијата сметаат дека има доволно време да се постигне и реализира политички договор

„Очигледно е дека Трајко Вељаноски овој пат добил наредба да ги почитува уставот и законите“. Иронична беше првичната реакција од најголемата опозициска партија СДСМ, откако претседателот на Собранието согласно законската обврска го потпиша Решението за распишување на избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.

Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а законскиот рок - од 70 до 90 дена на располагање дава два термини. Првиот е 24 март, вториот е 31 март 2013 година, но бидејќи 31 март е голем верски празник - Велигден за граѓаните од католичка вероисповед, Вељаноски одлучил локалните избори да се одржат на 24 март.

„Согласно нашиот понуден план, доколку постои политичка волја кај режимот, до 24 март има доволно време да се постигне и реализира политички договор за да се одржат локални заедно со предвремени парламентарни избори“, велат од СДСМ.

Социјалдемокартите сметаат дека тоа е единствениот начин да се спречи понатамошно продлабочување на политичката криза.

„Преку слободни, фер и демократски избори, граѓаните да изберат нов состав на законодавната и извршната власт, затоа што после „црниот понеделник“ актуелната гарнитура заради грубото газење на уставниот поредок и правната држава, нема легитимитет. Сепак, доколку се направи било каков обид да се организираат било какви нелегитимни избори, целокупната одговорност за понатамошното политичко дестабилизирање на земјата, ќе ја сноси режимот“, потенцираат од СДСМ.

Социјалдемократите пред неколку дена ги соопштија условите за учество на претстојните локални избори. Имено, тие ќе учествуваат на нив само доколку се одржат и предвремени парламентарни избори и доколку тие бидат организирани од Влада од доверба. Партијата побара и смена на министрите за финансии, за правда и за внатрешни работи, како и на директорот на јавниот сервис, и поставување на нивно место луѓе од доверба прифатливи и за власта и за опозицијата. Опозицијата не се откажува ниту од идеите за измени во Изборниот законик според препораките од ОБСЕ/ОДИХР, засилен меѓународен мониторинг и рамноправна распределба на јавните фондови за реклами во медиумите. Утре седница ќе одржи Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ на која треба да се разговара за условите на СДСМ. (Н.К)







Статијата е прочитана 2378 пати.


Испрати коментар



ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
Груевски - Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
Состанокот во Атина - корисен и конструктивен
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан



ФЕЛИКС, 11.01.2013 18:23:55
Пред да се почнат било какви разговори или преговори меѓународните арбитри како терен на кој ова ќе се одигрува строго го посочија Собранието како единствен терен за такво нешто.Ова верувам дека предизвика бес и разочарување кај Шатевци,оти сметаат да меѓународните арбитри се однесуваат како и домашниот електорат,да навива за постоечката власт.Па од тие причини се тревожат да оваа ситуација е неправедна односно 3:1. Па од тие причини часовникот немилосрдно одчукува тик,так,таааак и остануваат 9 дена за поднесување кандидатски листи за локалните избори.И нормално скоро два и пол месеци до финалната изборна утакмица.Време доволно за консолидација на екипата а можеби и оставка или смена на тренерот.И нормално избор на нов тренер.
Жт вк, 12.01.2013 01:25:19
Сега сакале да се договорат!? Па нели од другата страна беа „мафијаши, лажговци, фашисти...“, нели прогласија граѓанска непослушност, нели немаа да излегуваат на избори?! Полека, полека „ќе си легнат на брашното“ и на крајот ќе плачат да се вратат во Парламентот. Тоа ќе се случи кога конечно и самите ќе сфатат дека вака само ги губат симпатиите и дома и надвор. Е, тогаш Груевски ќе биде тој што ќе поставува услови. Така ќе биде, ќе видите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
(Не)очекуваното враќање на Дејвид Боуви
Нов албум! Кој би рекол и кој се' не сонувал за тоа... Враќање по десет години и тоа на 66. роденден. Последниот го обја...
Се вработуваат актери, но и археолози, архитекти...
Вчера завршија конкурсите за вработување актери во неколку театри во земјава, но вработувања ќе има и во други институци...
„Еден бакнеж“, многу музика и носталгија
Секоја недела, од 20 часот, потсетувајќи не' со својата појава на Бергман и Богарт, Ирена Спировска и Игор Ангелов на ТВ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |