Хотоскоп
Овен
Хиперактивни сте и подложни на влијанието од околината. Премногу се соживувате со туѓите проблеми. Ви се советува дружење само со ведри лица, бидејќи само тие можат да го поправат вашето расположение.
Бик
Бидејќи лесно ги решивте проблемите со еден Лав, ви останува сега само да се свртите
кон своите проблеми. Тргнете во конкретна акција. Резултатите можеби ќе задоцнат, но сепак ќе пристигнат.
Близнаци
Чувствувате некоја внатрешна напнатост, па се обидувате да се ослободите од неа. Ќе успеете да се релаксирате доколку посетите еден пријател кој не сте го виделе одамна. Пожелно би било да отпатувате некаде.
Рак
Ситуацијата во која моментално се наоѓате бара ризик, но само така ќе можете да профитирате. Не донесувајте брзи одлуки, туку претходно добро размислете. Можни се вртоглавици, но ништо не е алармантно.
Лав
Бидејќи пред вас е еден напорен ден, пожелно би било малку да се одморите и да ги намалите обврските. Оставете и малку време за дружење со пријателите, бидејќи тоа навистина ќе ви годи. Ако рационално го испланирате времето, се' ќе постигнете.
Девица
Размислувате околу судбината и барате одговор на сето она што ви се случува. Не разгледувајте ги туѓите проблеми и не оптоварувајте се со нив. Подолго време се запоставивте, па затоа сфатете дека сте секогаш на прво место.
Терезија
Се обидувате да задоволите некои лични потреби, и пријатно се чувствувавте. Можно е да се појави желба да ги потрошите сите свои сили и да ги искористите сите можности. Не трошете премногу, бидејќи Терезиите не се познати по тоа.
Скорпија
Нека не ве зачуди желбата за некои необични работи и случувања. Окупирани сте со метафизика повеќе одошто е потребно. Но, сепак, најважно е пријатно да се чувствувате. Некои Скорпии размислуваат за мал излет од брачните води, но на крај ќе сфатат дека тоа е погрешно.
Стрелец
Партнерот ви дава целосна поддршка да истраете, па благодарение на него, ќе блеснете во полн сјај. Некои припадници на овој знак пожелно би било да се свртат кон работата, бидејќи се можни конкретни резултати.
Јарец
Успешно комуницирате со околината ако не директно, тоа го правите ментално. Бидејќи сте комуникативни и распложени со некого да ги минувате моментите, тоа дополнително ќе ве расположува.
Водолија
Денес ќе ви паднат напамет многу идеи, имате премногу желби и интереси. Обидете се нешто конкретно да преземете. Бидете систематични и работете ги работите по ред. Партнерот нема да ви се налути за ништо.
Риби
Премногу верувате во своите можности, суетни сте и нескромни. Желбата за дружење денес е премногу нагласена. Само Лавот може вистински да ве разбере. Ве очекува некоја љубовна понуда, па бидете подготвени да ја дочекате со раширени раце.
|