Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.08.2012, 17:16

Поглед

Задоцнети зделки

Деспина Трајковска

Договорена зделка пред речиси две години, а јавноста дури сега дознава. Некогаш со години отпосле се обелоденува не само висината на потрошената сума, туку, и воопшто, намената на потпишаниот договор. Токму вака се однесуваат повеќе институции во државава и покрај законската обврска во одреден временски период да ги објават потпишаните зделки. Не ги засега ниту утврдената законска рамка ниту опомените од невладините организации, а да не зборуваме за моралната обврска да дадат отчет за потрошените пари, оти, сепак, не се нивни, туку се земени од џебот на граѓаните.

Ваков однос е карактеристичен и за Општина Центар, која во изминативе години троши милионски суми за проектот „Скопје 2014“. И дури дел од јавноста веќе почна да го пресметува секој потрошен денар за овој проект, за кој доволна е проста математика за да се утврди дека ги надминува најавените цифри за неговото чинење, општинарите од Центар доцна палат со објавувањето на милионските договори. Последен пример за тоа е изминатиот петок кога во еден ист ден обелоденија преку дваесет склучени договори од кои над десет ги парафирале пред повеќе од една година. Договор за постаменти (веќе изградени), за споменици (веќе излеани), за најмени магацини (веќе искористени)... Кога отпосле се соопштуваат вакви работи се остава простор за сомневање.

Не, не во прашање само Општина Центар. Таа е само дел од вкупната атмосфера во државава каде што властите како да и' свртеле грб на транспарентноста. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, беше гневен кога му поставија прашање зошто оградата за мост на Вардар ќе чини 1,7 милиони евра. Зошто некој воопшто поставува такви прашања? Дваесет години учиме за одговорност на оние што раководат со институции, а уште сме на почетокот.


Статијата е прочитана 705 пати.

Испрати коментар



Кој ќе ги издржи поскапувањата
Секс, азил и „Викиликс“
Погубните дисконтинуитети на ВМРО-ДПМНЕ
Каде завршија 500 милиони евра?



analiticar, 21.08.2012 07:46:54
sekoja cest za tekstot;samo mladata gospoga treba da napise komentar[analiza]i za ostetite sto gi zedoja semejstvata[soprugite]na zaginatite pretsedateli;od.kenedievi,stambolic,djindjic,.....i ke vidi deka ova rasipnistvo i i odgovara,NAPOMENA;semejstvoto djindjic pred nekoe vreme uste ja nemase podignato odobrenata osteta od 200,000evra,a kaj nas,uste se izmisluva kako da se zemat uste pari...mojot sograganin bese povikan da ja brani zemjata i zagina i grobod napraven od R.M.za malku falese da go plati familijata............?
milan, 21.08.2012 08:43:58
Vo zadno vreme nevladinite organizacii ne smeat da pisnat bidejki odma ke bidat proglaseni za predavnici ili pak lustrirani. Pa taka madro si molcat i si zemat po nekoja paricka. Zatoa vlasta raboti sto saka. POZDRAV.
Mirko, 21.08.2012 08:54:18
Sto e tuka cudno? Pa i proektot Skopje 2014 e napraven vo nekoj kabinet i nikoj ne ne prasal za nego. Pari, od kade se i kako se stvoreni, nikoj nezna, ama ke doznaeme i skapo ke ne cini. Vo demokratski svet takvi proekti se sproveduvaat po pat na referendum, oti se raboti za golemi pari.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |