Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.08.2012, 17:58

Антипод

Секс, азил и „Викиликс“

Димитар Чулев

Ситуацијата, како што напиша лондонски „Гардијан“, е слична на онаа од антологискиот филм „Квака 22“, или со други зборови, невозможен статус на Џулијан Асанж во Лондон. Не може да биде испорачан, како што не може ни да биде извлечен од амбасадата

Да не е сериозен, случајот со политичкиот азил на основачот на „Викиликс“, кој два месеци се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, може да се истретира и како комична епизода на една дипломатска циркузијада, која се случува пред светот, иако крајот е речиси извесен: Лондон нема до бескрај да дозволи престој за Џулијан Асанж, па нека е тоа и зад портите на странска амбасада; Еквадор нема до бесконечност да тера инает со Лондон и од американскиот „Голем брат“ за испорачување на човекот кој со објавување тајни дипломатски депечи ја посрамоти американската дипломатија.

Светот одново ги преразгледува актите кои ја регулираат работата, правата и обврските на дипломатските претставништва кои вклучуваат и давање азил на лица кои од политички причини сакаат да ја сменат татковината... Се поставува сериозно прашањето дали испорачувањето на Асанж (особено со упад во амбасада) нема да биде крај за денешниот дипломатски бонтон кој го воспостави светот?

Во сегашниот „Секс, азил и Викиликс“, кој само случајно асоцирира на еден дамнешен грандиозен филм, како статисти се вовлечени и уште две држави: Шведска, која инсистира да го суди Асанж за „секшуал харасмент“ (што и да значи тоа, иако никој не верува во приказната на двете оштетени дами кои пријавиле дека биле силувани иако претходно страсно воделе љубов со него) и Австралија, која како давател на пасош на основачот на „Викиликс“ е „прозвана“ да одговори на барањата на прекуатлантските нарачатели.

Ситуацијата, како што напиша лондонски „Гардијан“, е слична (ако не и иста) на онаа од антологискиот филм „Квака 22“, или со други зборови, невозможен статус на Џулијан Асанж во Лондон. Не може да биде испорачан, како што не може ни да биде извлечен од амбасадата. Во двата случаи, брзоплето решение може да наруши не само билатерални односи (Британија – Еквадор) туку да ја доведе во прашање и целокупната востановена практика на дипломатското функционирање денес.

Втората варијанта, Асанж да остане заборавен во амбасадата на Еквадор, е многу поизвесна бидејќи тие што го бараат немаат проблем со времето и ќе играат на кондициона карта. „Викиликс“ денес ја нема истата моќ како кога се појави. По некој месец, година или деценија за сајтот или за Асанж и така нема да знае никој. Впрочем и да се случи тоа утре и Асанж „насилно“ да заврши пред суд поради обелоденување тајни американски документи, никој нема да се стресе. „Викиликс“ во арсеналот веќе нема скандалозни фајлови од типот дека Путин меѓу американските дипломати има прекар „Мажјак“ дека Ангела Меркал е „тефлон-дама“ или домаќинка, а по протекувањето на снимката како во Ирак американски хеликоптер ликвидира цивили и луѓе на „Ројтерс“.

Никој, значи, нема да се шокира што и да извади утре „Викиликс“. Таа немоќ на Асанж беше забележлива во неговото прво јавно обраќање од балкон во Лондон, каде што лично упати апел до нобеловецот за мир и актуелен американски претседател Барак Обама, да престане прогонот на „Викиликс“. Асанж се повика на етика, но моралниот аспект отсекогаш бил најслабата алка во режими во кои владе „диктатура на правото“ каде што законите, амандманите, преседаните, правната држава и слично се најефикасниот процедурален механизам преку кој се демонстрира моќта на „големиот брат“ врз ситните поданици.

Значи, демократијата се состои во процедура и во тој контекст треба да се разбере изјавата на министерот за надворешни работи на Британија, кој вели: „Едноставно, не можеме да го сториме тоа“ - мислејќи на евентуален процедурален пропуст кој би овозможил Асанж да го изоди патот од амбасадата на Еквадор во Лондон до некој аеродром.

Неговото повикување на законите наликува помалку на коментарот на Владимир Путин дека членките на „Пуси рајот“ кои ја повикувале Богородица за негова смена со молитвен рап во Црква, треба да одговараат за – духовниот грев. Значи, фантастична е желбата на големите да ја прикажуваат својата неограничена моќ врз помалку еднаквите.

И сега што околу Асанж? Во наредните денови ќе се види дали Лондон ќе го стави во игра никогаш досега неупотребениот адут и правен акт од 1987 со кој може да го „симне“ нивото на еквадорската амбасада и да влезе да апси во зградата на амбасадата. Познавачи на состојбите велат дека таков преседан модерниот свет познава само во еден случај во 1980 кога сили на армија на Либерија насилно влегоа во француската амбасада во Либерија.

Но, таквиот акт на насилство го доведува под знак прашање суверенитетот и интегритетот на сите амбасади низ светот, кои со Виенска конвенција се обврзани да даваат азил на политички прогонети лица.

Отпаѓа во старт варијантата дека Еквадор ќе се обиде да го „шверцува“ Асанж како дипломатска пошта, иако негови поддржувачи веќе поставија дрвен контејнер пред вратите на амбасадата на Еквадор во Лондон на кои активисти напишаа дека е дипломатска пошта со назнака „...Хмммм...тоа не е Џулијан Асанж“. За да ги нервираат британските полицајци! Во 1984, како што пренесуваат медиуми, Нигерија се обидела да прошверцува таков багаж од Лондон, но не и' успеало. Од тогаш, се водело посебна сметка за дипломатската пошта „особено кога е таа претоварена“, пишува автор на еден „Дипломатски блог“.

Најлесно решение се преговори со тоа што и Лондон и Кито, се разбира и Стокхолм, Канбера и Вашингтон (кој, нели, не е заинтересиран) ќе мора да се соочат со својот срам, без оглед на тоа какво ќе биде решението, и таков случај на испорачување е познат откако кинески дисидент мина една година во американска амбасада во Пекинг.

Интересни ќе бидат наредните денови во пресрет на самитот на јужноамериканските држави (петок), кои ќе го поддржат еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, кој во случајот виде можност за себепромоција и за поврзување со левичарските влади кои најавуваат социјализам за 21 век во Јужна Америка. На средбата на двата континента не одат Канада, Тринидад и Тобаго и САД, што значи дека можно е споменативе да се дистанцираат и во поглед на политичко решение, но и во случај на некоја инстант-варијанта со брзо апсење на Асанж.

Ако не биде брзо, на Асанж му претстои иднина во стилот на „Сто години самотија“ на Маркез. Два случаи се познати, според Би-Би-Си, на замрзнат статус на азиланти во туѓа амбасада: во 1956 извесен унгарски кардинал спас од наметната социјалистичка власт во земјата и задушување на унгарската револуција побарал во амбасада на САД каде што останал се' до 1971 година. Од 1991 година, во италијанската амбасада во Адис Абеба се наоѓаат (преостанатите) двајца дисиденти кои ги бара Етиопија.


Статијата е прочитана 986 пати.

Испрати коментар



Кој ќе ги издржи поскапувањата
Погубните дисконтинуитети на ВМРО-ДПМНЕ
Каде завршија 500 милиони евра?
Задоцнети зделки



Objektiven, 21.08.2012 05:48:45
Gospodine Curlev,sto fasistive smislile da napravat, toa i ke napravat.Povtorno edno nevideno licemerie i dvojni standardi.Imeno ako Kinez vleze vo USA ambasada vo Peking i pobara azil, togas e se ok i toj e borec za covekovi prava.Imalo WMD vo Irak.Vlegoa ubija stotici iljadi civili i rodoljubi i nikomu nisto.Na kraj Bush izleze na TV i kaza nemalo WMD.Greska na obavestajnite sluzbi.Kolku go plakame denes gorivoto po *osloboduvanjeto* na Irak,Libija,Egipet?Za*demokratite* bi mozele da se dadat X primeri,bezbroj.I zamislete, nekoj Asanz obelodeni nekoi raboti od krvavite pirovi na demokratskite osloboditeli, a nikoj ne gi pobi faktite.Uste ednas GNASNO licemerie na *demokratite* fasisti.A toa sto go naumile i ke go napravat.Slusam Nobelovecot e *zagrizen* od vcera za Sirija i hemiskoto oruzje.Znaci prikaskava se povtoruva, Irak,WMD ima,pa nema,Osama vo Avg, e pa ne e.Golem sram za demokrative ke bide ako Asanz pomine nekaznet.No toa moze da se vrati kako bumerang.Primer Che i L.Amerika
P.Petar, 21.08.2012 08:46:52
Komicen cirkuz,filmski scenarijo i eden ,edinstven reziser /USA/ P.S. Da sakaa mozea da go likvidiraat 500 pati dosega!
jimmy1, 21.08.2012 20:30:46
Engleska i USA im dadoja azil na site ratni zlocinci a kritikuvaat deka ne bilo legalno od strana na Ekvador davanjeto azil na Asanz. Policijata nema pravo da vleze vo ambasadata, toj prostor e sopstvenost na Ekvador a ne na Engleska. Toa e sekade vo svetot. Ako se sekavate, toa bese odamna. Vo Avstralija pred Jugoslovenskiot konzulat vo Sidnej imase protesti (mislam deka protestiraa hrvatite) i pokusaja da vlezat vo konzulatot. Eden od zaposlenite vo konzulato upotrebi oruzje i rani od protestantite. Avstraliskata policija nemase pravo da go pritvori zosto toj bil na tuga (Jugoslovenska) teritorija. Posle 2-3 dena covekot go ispratija za Jugoslavija a policijata go obezbeduvase negovoto patuvanje od konzulatot do aerodromot. Gospodinot Culev rece deka se kriel, gospodine ne se krije, pa neli go vide koga zboruvase na prozorecot. Ne se krie, tuku se zastituva od nepravednoto obvinuvanje os strana na Americkata kolonija-Engleska.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |