Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2008, 16:53
Наука

Како импулсот води до задоволство или уништување



Најновите студии на мозокот помагаат да се објасни како импулсивните тенденции можат ги наведат луѓето на погрешен пат

Прескокнете ја работата, исчезнете за викенд, одете на неограничен, забавен шопинг. Спонтаноста може да биде здраво пркосење на рутината, израз на желба по која се копнее, истакнуваат некои психолози. Сепак, за научниците кои ги испитуваат психичките болести и зависности, импулсивното однесување - тенденцијата да се дејствува или реагира со малку размислување - се наметнува како универзална непријатност.

Последниве години, импулсивноста се поврзуваше со повисоки ризици од пушење, пиење и употреба на дрога. Луѓето кои се обидуваат да извршат самоубиство се рангираат високо на скалата на импулсивност, како и адолесцентите кои имаат проблеми со јадењето. Агресија, принудно коцкање, тешки лични нарушувања и проблеми со дефицит на внимание, се поврзани со висока импулсивност, проблем што влијае на околу девет отсто Американци, покажа истражувањето за националната психичка здравствена состојба, што беше извршено минатата година.

Сега истражувачите почнаа да ја решаваат спротивната природа на импулсивноста, идентификувајќи ги елементите кои прават разлика меѓу бенигните експерименти и самодеструктивните акти. Најновите студии за истражување на мозокот и психолошките состојби, помагаат да се објасни како се развиваат импулсивните тенденции и кога тие можат да ги наведат луѓето на погрешен пат. Потенцијалната комбинација од гени и раните емотивно дезориентирачки искуства ги изложува луѓето на висок ризик, како и некои познати лични инстинкти.

„Она што се забележува сега“, вели Чарлс С. Карвер, психолог од Универзитетот од Мајами во Корал Гејблс, Флорида „е брза конвергенција на докази кои укажуваат дека кога не функционираат добро префронталните области на мозокот, односно системот на мозокот за надзорно раководење, тоа влијае на промисленото однесување, а последиците често пати се непријатни“.

Малку експерти оспоруваат дека импулсивноста се исплати во некои ситуации и дека можеби има еволутивни бенефиции. Кај луѓето, импулсивното однесување вообичаено достигнува кулминација во адолесцентниот период, кога префронталните области на мозокот продолжуваат да се развиваат, или пак, кусо време потоа во првите години од зрелоста, кога се очекува луѓето да ги тестираат своите лимити, посочуваат психолозите. Сепак, новото истражување укажува дека поимот за опасност или конфликт не е доволен за да создаде постојана, разорна импулсивност.

Во студијата што беше објавена во „Журнал оф психијатрик рисрч“ психологот Жанин Д. Флори од Медицинскиот факултет „Монт Синаи“ во Њујорк, преводеше екипа истражувачи кои испитуваа 351 здраво возрасно лице и 70 други со нарушувања поврзани со импулсите, како што се антисоцијалните и граничните нарушувања на личноста. Учесниците во испитувањето беа подложени на група тестирања за да се измери инхибицијата, апетитот за ризици и наклонетоста за планирање. Анализирајќи ги одговорите на прашањата со кои требаше да се измери барањето возбуда, како зборовите „сакам да разгледувам некој чуден град или дел од градот сам, дури и ако тоа значи да се загубам“ и „сакам да пробам јадења што никогаш не сум ги пробал порано“, истражувачите утврдија дека апетитот за ризици е поврзан со пушењето кај двете групи учесници. Меѓутоа, кај здравите доброволци апетитот, исто така, е поврзан со повисокото образование. Во претходните студии, здравите трагачи по возбуда беа високо рангирани во однос на љубопитноста и отвореноста за нови искуства.

Лицата кои се соборени од сопствените импулси, напротив, се со поголема веројатност да им веруваат на првите впечатоци, имплицитно и апсолутно, покажаа испитувањата.

„Јас сум многу интуитивна личност. Можам многу брзо да кажам кога некој ме лаже“, вели Томас Крепо (55), аналитичар на компјутерски системи во Вашингтон, кој вели дека поради неговиот импулсивен темперамент го влошил разнишаниот брак. Крепо, кој извлече полза од терапијата, вели дека веднаш реагирал на неговите насетувања. „Други луѓе можеби ќе ми дозволеа да кажам 20 збора пред да пресечам, но јас дозволував само четири. Никогаш немав трпение да почекам и да видам дали другото лице греши“, вели тој.

А животот никогаш не престанува да ги тестира тие надзорни ментални способности. Употребата на дрога брзо и кумулативно ги ослабува способностите за регулирање на размислувањето, со текот на времето. „Справувањето со периоди на екстремен стрес на која било возраст - започнување нова работа, раскинување романтична врска, закрепнување по сообраќајна несреќа - може да ги преоптовари префронталните региони, а со тоа многу помалку ресурси се на располагање за справување со емоциите“, вели д-р Карвер. (Њујорк тајмс)



Статијата е прочитана 1626 пати.

Испрати коментар



Лили Ален со навреди за сер Елтон Џон
Свадба на мајмуни во Кина
Двоен живот на Душко Георгиевски
Пилева ќе пее во Велес за 8 Септември
Ева Нединковска учи џез-пеење
Руски милијардер и' подарува вила на Мадона
Евровизија се соочува со потенцијален бојкот
Печатена телевизија
Милионска забава или сериозно нарушување на приватноста
Јужњачки рокенрол Исус
04.09.2008, 14:16

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |