21.10.2011, 16:43 Eвропратениците дознале за „Космос“
За случувањата со станбено-деловниот комплекс „Космос“ од пред неколку дена знае и Европскиот парламент. Сопственикот на „Космос“, Фијат Цаноски ги информирал европарламентарците, на што, како што тврдат од неговиот тим, му одговориле дека не можат да поверуваат оти дошло до уривање на инвестиција вредна 60 милиони евра и побарале државата да престане со незаконското уривање на објектот.
На вчерашната прес-конференција, инвеститорот „Фине“ уште еднаш ја обвини Општина Гази Баба за опструкција. Од „Фине“ побараа да им се каже дали во „Космос“ се' уште има неексплодирани направи за да знаат дали треба да уриваат или да почнат со санација на објектот.
Само малку по одржаната прес-конференција, реагираше и Општина Гази Баба. Оттаму велат дека издале решение за уривање со рок од 60 дена и дека инвеститорот побарал уште еден рок на кој тие ќе одговореле позитивно. Во реакцијата се напоменува и дека еднаш веќе еднаш потврдиле оти во „Космос“ нема експлозив. (Љ.С.) |