21.10.2011, 16:44 По 11 години уапсен сестроубиец
По неколкугодишно бегство, полицијата го уапси М.М. (29) од тетовското село Ѓермо, осомничен дека пред 11 години како малолетник ја убил својата сестра. Злосторството го извршил во нивниот дом во Ѓермо, усмртувајќи ја со автоматска пушка од кинеско производство. Во 2003 година, бил осуден на петгодишна затворска казна поради убиство и недозволено држење оружје или распрску��ачки материи. Се' до завчера, тој беше недостапен за надлежните бидејќи се криел надвор од земјава. Веќе е спроведен во затворот во Идризово. (Г.А.) |