Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.10.2012, 13:30

Молитвено чествување за Тоше Проески

Неговите пријатели, почитувачи и обожаватели положија цвеќе и палеа свеќи денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје

Во чест на петгодишнината од загинувањето на големиот уметник и хуманист Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје се одржa молитвено чествување.

Неговите пријатели, почитувачи и обожаватели положија цвеќе и палеа свеќи, а беше откриен и спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески.

Митко Костов, претставник на влашката заедница во Македонија рече дека за македонската историја, култура, песна и за хуманост има две имиња кои значат многу - Мајка Тереза и Тоше Проески.

- Го изгубивме големиот син на татковината, бисерот на песната, ангелот на вечноста и богатството на родот човечки и на вечното богољубие. Тагуваат твоите, тагува Крушево и Македонија. Но, воздивнуваат сите што се гордеевме и те славевме. Ни припаѓаше на сите, и со песна, добрина и со убав збор се бореше и молеше за сите. Имаше љубов и милост за сите. Сега тоа ни недостига, ни треба, изјави Костов.

Проф. д - р Љупчо Ајдински, филантроп истакна дека Тоше Проески беше дете на Македонија, ги испеа нашите исконски песни и останува, како што рече, син на неговите родители и на сите што го знаевме и што го чувствувавме како свое дете.

- Знаше многу и правеше многу. Неговиот продорен глас допираше и секаде стасуваше. Го сакаа младите, му се воодушевувавме и ние постарите. Затоа ни беше драг и мил. Неговата загуба силно не погоди сите. Немерлива е болката по тебе, рече Ајдински.

Претседателот на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ Стојан Тренчевски истакна дека Мајка Тереза и Тоше Проески биле и остануваат големи хуманисти.

Пораката на Тоше за Мајка Тереза ја прочита Валентина Ѓоргиевска - Парго. Стихови на влашки јазик читаше Билјана Филиповска.

Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, на 5 октомври на плоштадот „Македонија“ со мултимедијален хепенинг беа одбележани пет години од последен концерт на македонска музичка ѕвезда. Истиот ден се одржа и крводарителска акција организирана од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот Крст на Град Скопје, а поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Тодор Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Настапи на детскиот фестивал „Златно Савејче“ во 1992 година каде испеа песна на влашки јазик. Својата музичка кариера ја почна на прилепскиот фестивал „Мелфест“ во 1997, каде победи. Има учествувано на „Макфест“, „Скопје Фест“, на „Беовизија“, ја претставуваше Македонија на Евовизија во Истанбул, на Хрватскиот радиски фестивал...

Песните „Пушти ме“, „Остани до крај“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ се само дел од песните на Тоше. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз - Ве сакам сите. Издаде повеќе албуми, одржа неколку концерти, од кои последниот беше на Градскиот плоштад во Скопје.

Загина на 16 октомври 2007-та во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.


Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |