Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.10.2012, 11:33

Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“



Вечерва во МОБ, во 20 часот, ќе се одржи шпанско-бразилска вечер со настапот на триото на бразилскиот виолинист Рикардо Херз, а потоа и на шпанското трио „Бенавент - Ди Џиралдо - Пардо“

Викендов на 31. „Скопски џез-фестивал“ ќе се одржат шест концерти, меѓу нив и полноќните, кои ќе се одвиваат во „Сити-хол центар“.

Вечерва во Македонската опера и балет, во 20 часот, ќе се одржи шпанско-бразилска вечер со настапот на триото на бразилскиот виолинист Рикардо Херз, а потоа и на шпанското трио „Бенавент - Ди Џиралдо - Пардо“. Свинг, грув и шармантни импровизаци�� се најкус опис за музиката на Херз, кој го редефинира начинот на свирење на виолина. Триото на басистот Карлес Бенавент, тапанарот Тино ди Џералдо и саксофонистот и флејтист Хорхе Пардо, пак, се смета за состав од исклучителни мајстори на фламенко џез-фузијата и досега соработувале со сите значајни мајстори на шпанскиот музички израз.

Неделата, исто така, во МОБ, е посветена на европскиот џез денес, со швајцарското трио „Малколм Браф“ и шведско-норвешкиот состав „Атомик“. Како што кажува и самото име, централна фигура на швајцарското трио е пијанистот Малколм Браф, кој го доведува техничкото мајсторство на својот инструмент до совршенство. Критиката за него ќе каже дека тој создаде нова категорија пијанисти, бидејќи во неговите раце пијаното звучи како да е продолжение на неговото битие. „Атомик“, пак, формирана во 2000 година, очекувано е една од добрите предводници на скандинавската џез-сцена која е полна со иновативност. Нивната првична идеја беше бунт поради популарноста на т.н. скандинавски звук што го промовираат норвешките артисти на дискографските куќи како што е ЕСМ. Нивниот звук е експлозивна мешавина на американски фри-џез со европски карактеристики.

Во „Сити хол-центар“, вечерва се Британците Ентони Џозеф како вокал со неговиот петчлен бенд „The Spasm“, додека в недела на полноќ е настапот на оркестарот „Hidden“, исто така од Велика Британија. Станува збор за одлични имиња, кои на џезот му даваат една поинаква конотација. (Т.И.)




Статијата е прочитана 254 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |