Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.10.2012, 15:17
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво



На денешниот прес на Министерството за култура, композиторите и директорите на институциите се заложија за поголема стимулација на македонското музичко творештво

Поддршка на македонското музичко творештво, беше тема на прес конференцијата што денеска во „Порта Македонија“ ја одржа Министерството за култура, а на која говореа претставници на музичките институции во земјава, како и неколкумина композитори. Министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска, но и останатите присутни, истакнаа дека во последно време грижата за македонското композит��рско творештво е зголемена и оти и во институционални рамки, но и индивидуално, ќе продолжи со истото темпо и до година. Композиторите и директорите на музичките институции се задоволни што средбите од ваков вид, како што беше и трибината која Сојузот на композиторите на Македонија ја оддржа неодамна, а повторно се однесуваше на стимулација на домашното творештво, се чести и оти ќе доведат до подобар третман на македонските дела.

Покрај програмите кои се дел од репертоарот на институциите, Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и СОКОМ, министерката ја истакна и индивидуалната поддршка, споменувајќи ги новата опера на Стојан Стојков, „Змејовата невеста“, за чија изведба преговорите со МОБ се во тек. Исто така, и концертот за пијано и оркестар од Живоин Глишиќ кој е во завршна фаза, како и „Фантазијата на две фолклорни теми“ од Дамир Имери, дело што светската премиера ја имаше во Норвешка во изведба на пијанистот Симон Трпчески.

Инаку, еден од новитетите во однос на стимулација на музичкото творештво, е и востановувањето музички награди, иницијатива на СОКОМ, што за прв пат се воведува во Македонија, а ќе почне да се реализира во 2013 година. Наградите ќе значат мотивација за македонските композитори, музички уметници, институции, музиколози...

Директорката на Филхармонијата, Маја Чаначевиќ, истакна дека оваа институција има поинаков однос кон македонските дела, како и кон македонските уметници, и дека постојано води грижа тие да бидат често застапени на репертоарот. Го спомена и неодамна завршениот конкурс за симфониско дело, од кој жири-комисијата реши да го откупи делто „Соништа“ на македонскиот автор кој живее во Белград, Илија Илиевски, а ќе се изведе во ноември заедно со уште едно македонско дело на младиот Борис Светиев.

„Се обидуваме да ги мотивираме македонските автори на различни начини. Драго ми е што се повеќе има млади композитори кои носат свои дела кај нас и со задоволство ќе ги изведеме“, рече Чаначевиќ. Композиторот Стојан Стојков, рече дека Министерството за култура не го поддржува само композиторското творештво, туку и научната дејност, истакнувајќи ги трите балкански форуми и манифестацијата „Струшка музичка есен“. „Ме радува што после еден празен период, повторно на едно место разговараме за стимулација на музиката. Мене ми беше нарачана операта ’Змејовата невеста‘ и се надевам оти ќе биде изведена“ рече Стојков.

Композиторот Дамир Имери рече оти имал среќа неговото дело да биде изведено во Норвешка, а потоа и во Загреб, и особено во интерпретација на Трпчески. „Јас не сум докажан композитор како моите колеги, но имав среќа моето дело да доживее таков третман“, рече Имери. (Т.И.)


Статијата е прочитана 405 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |