17.10.2012, 15:42 Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
Познатиот британски готвач ги обвини гостите во неговите ресторани ширум Велика Британија, за „масовно крадење“ на платнените салфети и тоалетна хартија
Познатиот британски готвач Џејми Оливер ги обвини гостите во неговите ресторани ширум Велика Британија, за „масовно крадење“ на платнените салфети, што се делат со јадењето, како и на луксузната хартија која е поставена во тоалетите.
Во интервју за „Дејли телеграф“, популарниот готвач откри дека секој месец „исчезнуваат“ по 30 илјади салфети и цели ролни од тоалетна хартија.
- Не знам дали причина за тоа е сега��ната рецесија или луѓето доаѓаат во моите ресторани, не толку за јадење, колку за да се снабдат со сувенири, се пожали Оливер. Тој вели дека му е мило што гостите ја сакаат опремата што се наоѓа во неговите ресторани, но инсистира дека тоа чини многу пари.
Оливер го отвори својот прв ресторан во Лондон, во 2008 година, а сега има 30 ресторани со неговото име, за кои тој вели дека се популарни поради своите разумни цени и затоа што се опремени за да остават рустична атмосфера, со дрвени маси, отворен простор кон кујната и со детали, како што се салфетите кои ги тераат гостите да се чувствуваат како дома.
Готвачот Оливер кој има своја редовна телевизиска програма на британскиот Канал 4, сугерирајќи им на гледачите како да приготват јадење за 15 минути, порачува дека секој што сака да земе како сувенир салфетки, може да побара и да добие четири за осум фунти, што изнесува нешто повеќе од 560 денари.
Тој е најмногу гневен затоа што дел од украдената опрема подоцна се нуди на интернет, каде една платнена салфета со името Оливер, се продава за 7.5 фунти. |