Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
15.10.2012, 13:06

(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот

Австриец го восхити светот со скок на висина од 36.000 метри и го проби со своето тело звучниот ѕид

Феликс Баумгартнер, Австриец кој го восхити светот скокна на висина од 36.000 метри и го проби со своето тело звучниот ѕид, роден е да лета, пишува денеска „Телеграф“.

Остварување на сонот

Оваа крилатица доби сосема ново значење, откако неустрашливиот Феликс вчера скокна од работ на Вселената, при што неговото тело достигна брзина од неверојатни 1.150 километри на час.

Драматичниот скок од вселенската капсула од висина која ја надмина 36.000 километри можеше да заврши трагично, затоа што при таква брзина постои можност крвта да зоврие, а храбриот Австриец си обезбеди неколку рекорди и остварување на детскиот сон.

- Отсекогаш посакував да бидам во воздух. Се качував на дрвја затоа што сакав светот да го гледам одозгора, рече своевремено Баумгартнер.

Нестрашливиот скокач е роден во Салзбург во Австрија, на 20 април 1969 година. Во младоста работел како автомеханичар, поправал мотори. Од тогаш барал начини да се вивне во небесите.

Поранешен војник

Првпат со падобран скокнал кога имал само 16 години, а своите вештини ги совршил како припадник на австриската војска.

Со текот на годините, екстремниот скокач чие мото е „воздухот е мојот дом“, изгради импресивно досие. Еден од неговите први рекорди е забележан во 1999 година кога го изведе B.A.S.E. скокот од статуата Исус Христос во Рио де Жанеиро.

Како лиценциран пилот на хеликоптер, чие хоби се бокс и искачување, двапати го постави светскиот рекорд за најмногу B.A.S.E. скокови од згради.

Првиот беше скок од облакодерите близнаците Петронас во Каула Лумпур 1999 година, а подоцна скокнал од кулата Тајпеј 101 во главниот град на Тајван.

Во 2003 година опремен само со посебни карбонски крила го прелета каналот Ла Манш. Меѓу неговите импресивни потфати е скокот со падобран во пештерота длабока 190 метри во Хрватска и скокот од највисокиот мост на светот во Франција.

За мисијата „Ред бул стратос“ тренираше полни пет години. Неговата мајка Ева Баумгартнер рече дека скокот од работ на вселената бил негов најголем сон.

Сака планинарење

И покрај ризиците кои неговиот последен потфат ги носеше, Баумгартнер никогаш не се плашел. Нагласуваше дека си ја завршил домашната задача и тоа многу успешно, а тоа, се покажа и вчера.

- Мразам кога ме викаат човекот кој бара возбудување или адреналински зависник. Јас тоа не сум. Јас сакам планинарење, рече Баумгартнер.

После успешниот изведен скок не негираше дека му е мило што жив се вратил на Земјата.

- Кога стоите таму на врвот на светот, станувате така скромни и единствено што сакате е да се вратите живи, рече за новинарите. А само неколку часа после неверојатниот потфат, Феликс на својот фејсбук профил постави порака во која вели дека е многу уморен, но и среќен.

- После пет години конечно успеавме да ја реализираме нашата мисија. Ви благодарам на сите што цело ова време ме следите и ми давата поддршка. Сега одам во кревет, многу сум уморен, но и среќен. Се гледаме утре, рече Феликс. (Телеграф - Лондон)


Статијата е прочитана 1655 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутико��а го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |