Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.10.2012, 16:41

„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје

Преставата, која е годинашен апсолутен победник на фестивалот „Стеријино позорје“, ќе биде одиграна на 17 октомври на сцената на МНТ со почеток во 20 часот

Театарската претстава „Работниците умираат пеејќи“, која е годинашен, апсолутен победник на фестивалот „Стеријино позорје“ во Нови Сад, ќе биде одиграна на 17 октомври на сцената на МНТ со почеток во 20 часот.

Претставата е копродукција меѓу фондот „Хартефакт“ и театарот „Битеф“ од Белград, а е работена според драмата на Олга Димитриевиќ, победничка на конкурсот на „Хартефакт“ за најдобар современ ��пштествено ангажиран текст за 2010 година. Режисер е Анѓелка Николиќ, а ќе настапат актерите: Милан Ковачевиќ, Игор Бороевиќ, Марија Бергам, Марија Миленковиќ и други. Кореограф е Далија Аќин, а композитор на музиката Дарко Аџиќ.

Претставата минатата година премиерно е одиграна на матичната сцена на театарот „Битеф“ во Белград, била дел и од „Фестивалот на малите сцени“ во Кикинда каде што Анѓелка Николиќ е наградена за режија. На фестивалот „Стериино позорје“ добила шест „Стериини награди“, а гостувала на почетокот на октомври и на фестивалот „МЕСС“ во Сараево и на „Јоакиминтерфест“ во Крагуевац.

„Работниците умираат пеејќи“ преку брехтовскиот театарски израз дава поглед кон мачните промени што ги донесе долгогодишната транзиција.

Според драмската писателка Билјана Србљановиќ, која и била дел од жирито што одлучувал за наградениот текст на Димитриевиќ, вели дека овој целовечерен експресионистички социјално ангажиран мјузикл, на уметнички, филозофски и социјално освестен начин ја обработува темата на страдањата на најзагрозената општествена класа. Авторката на текстот, пак, изјавила дека работничката класа во Србија е несвесна за фактот дека е класа. „Национализмот е тој кој директно работи на подривање на таа свест, бидејќи национализмот секогаш инсистира на некакво фантомско ’ние’, и вели дека сите тие ’ние’ имаме исти интереси: и политичката елита, и работниците, и жените, и уметниците. Тоа едноставно не е точно бидејќи на крајот на денот многу добро се гледа нееднаквата дистрибуција на моќта, власта и капиталот во општеството“, рекла таа. Гостувањето на претставата во Скопје е во организација на регионалната платформа за активизам „Лице в лице“, што ја спроведува Центарот за медиумски активности (ЦМА). Од неодамна, како дел од платформата, излезе првиот број на македонското издание на списанието „Лице в лице“, кое во Србија излегува веќе година и пол, а во подготовка е и магазин кој ќе излегува во Косово и во Босна и Херцеговина. Списанието го продаваат најранливите категории луѓе во општеството. Половина од продажната цена е наменета директно за нив, додека втората половина е за активности кои им помагаат и за градење на системот кој ќе им овозможи полесна инклузија во општеството.


Статијата е прочитана 441 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |