Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.10.2012, 16:00

„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден

Во Цанкарјев дом во Љубљана до 16 ноември ќе биде изложено познатото керамичко машко торзо Адам датирано 5.300-5.000 години пр.н.е

Во Културниот и конгресен центар Цанкарјев дом во Љубљана вчеравечер беше отворена изложбата „Адам од Говрлево“ во чиј фокус е само еден артефакт, добро познатото керамичко машко торзо Адам, датирано од периодот на доцниот неолит (5.300-5000 години пр.н.е.), откриено на локалитетот Церје - Говрлево во близина на Скопје од археологот Милош Билбија, сега покоен.

Изложбата, чиј комесар е Љубо Фиданоски, археолог, кустос за неолитски пер��од во Музејот на град Скопје, ја отвори Митја Гуштин, раководител на Институтот за медитеранско наследство од Копар (Универзитет на приморска Словенија). „Презентацијата на Адам од Говрлево во Љубљана е идеја на Митја Гуштин и Милош Билбија, стара повеќе години, но дури сега успеавме да ја реализираме. Врз основа на соработката на Музејот на град Скопје и Институтот за медитеранско наследство, што трае уште од 2003 година, Адам од Говрлево сега и' е претставен на словенечката публика, а подоцна ќе си добие свое место и во постојаната поставка на Музејот на град Скопје. Целта на изложбата е да го презентира овој милениумски наод како автентичен и уникатен репрезент на македонскиот неолит“, изјави по отворањето комесарот Фиданоски.

Митја Гуштин на презентацијата на фигурината на Адам во Цанкарјев дом, кој во оваа пригода го нарече храм на културата, гледа како на симболично заокружување на своето долгогодишно дружење со Билбија, кој беше кустос во Музејот на град Скопје.

„Најстарата претстава на маж пронајдена во Македонија, кај Милош, кој го откри, и кај мене, кој ја следев неговата работа, будеше желба да создадеме нешто ново. Фигурината поседува ретки неолитски паралели во Трансилванија, а во современата уметност мора да се спореди со ’Мислителот‘ на Роден. Со Милош планиравме и се договаравме да ги предизвикаме македонските и словенечките вајари да создадат нешто во духот на претставата на овој маж и со тоа да го поврземе далечното минато со денешнината. А тоа се' уште останува...“ , посочи Гуштин.

Изложбата, која публиката во Љубљана ќе може да ја види до 16 ноември, ја организираа Музејот на град Скопје, Цанкарјев дом и Институтот за медитеранско наследство Приморска од Копар. (К.Б.)


Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |