17.10.2012, 12:59 Ќе се жени скокачот од вселената
Феликс Баумгартнер најави дека се повлекува од падобранството, но и дека идната година ќе се ожени со својата девојка Никол Оетл
„Се повлекувам! Сакам да бидам пилот на хеликоптер, да се борам против пожари и да спасувам луѓе. Без телефонски повици и без и-мејлови“, рекол Баумгартнер.
Иако Баумгартнер (43) и неговата девојка Никол Оетл (30), бивша манекенка, веќе долго време се заедно, одлучиле да застанат пред олтарот дури по неговиот скок. Венчавката е закажана за почетокот на 2013 година, а потоа ќе се преселат во швајцарскиот Арбон.
Никол била носителка на круната мис на Долна Австрија во 2006 година, а се запознале на прославата на нејзината победа и оттогаш се заедно. Никол е бивша гимнастичарка и сегашна тренерка во националната асоцијација на гимнастичари на Австрија.
|