15.10.2012, 14:10 (ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
Марија Радњански, сопруга на пејачот Јован Радњански, се најде на официјалната страна на познатата американска дизајнерка, која се вбројува меѓу најдобрите светски дизајнери на венчаници
Марија позира во венчаница со потписот на Сотеро, а во краткиот текст објавен на вебстраницата, опишува како дошла до избор на нејзиниот венчален фустан. Меѓу другото ја раскажува и својата љубовна приказна.
„За мене е голема честа да бидам одбрана во категоријата „Невестите на Меги“ во конкуренција со многу невести од целиот свет. И покрај тоа што венчаницата беше порачана и стигна од Австралија, сепак инсистирав да бидам претставена како невеста од Македонија затоа што моите корени се од тука, а и јас од неодамна се здобив со македонско државјанство на што особено се гордеам“, вели Марија, која е родена и израсната во Перт, Австралија, а од 2010 година живее во Македонија.
|