Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.10.2012, 12:34
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“



Со концертите на Американецот Ентони Брекстон и Данецот Пјер Дорг, вечерва во Македонската опера и балет во 20 часот, почнува 31. „Скопски џез-фестивал“, кој ќе трае до 23 октомври

Со концертите на Американецот Ентони Брекстон и Данецот Пјер Дорг, вечерва во Македонската опера и балет во 20 часот, почнува 31. „Скопски џез-фестивал“, кој ќе трае до 23 октомври. На полноќ, пак, во „Сити-хол центар“ настапува африканската група „Ле Сахал“.

Композиторот, саксофонистот, флејтистот, пијанистот и професорот Ентони Брекстон (1945), роден во Чикаго, веќе 40 години храбро навлегува во експериментите на американската музика. Под влијание на американските композитори на современата класична музика, Чарлс Ајвс и Џон Кејџ, но и на џез-саксофонистите Ворн Марш и Алберт Ајлер, како и на пионерите на европската авангарда Карлхајнц Штокхаузен и Јанис Ксенакис, Брекстон создава уникатен музички стил со свој графички базиран јазик, кој содржи богатство на традиции и жанрови. Ентони Брекстон во Скопје вечерва ќе настапи во форма на квартет, со „Diamond curtain wall“, заедно со Тејлор Хо Бајнум на труба, Џејмс Феи на алт-саксофон и Ерика Дикер на виолина. Зад себе има многубројни албуми (над 100 изданија) и настапи низ светот со влијателни имиња, а за критиката, станува збор за „ненадминлива фигура во музиката“.

По Ентони Брекстон настапуваат Данците Пјер Дорг (диригент и гитарист) со „Њу џангл оркестра“ составен од девет музичари, на кои како гостин ќе им се придружи флејтистот Шашанк Субраманиам од Индија. И овој ансамбл го збогатува џезот со нови звуци. Пјер Дорг се смета за една од најинтересните фигури на данската музичка сцена, а неговата музика претставува успешен микс од азиска, африканска, афро-американска и, се разбира, европска традиција, како производ на неговата љубопитност за други култури. Оркестарот „Њу џангл“, пак, е формиран во 1980 година, а инспирацијата за името ја добил од легендарниот џангл-звук на раниот „Дјук Елингтон оркестар“. Влијанието од Елингтон, како и од Чарлс Мингус се чувствува во нивната музика, иако тие продуцираат свој оригинален израз, кој се сместува во рамките на т.н. музика на светот.

Во „Сити-хол центар“, пак, на полноќ ќе настапи африканскиот нонет „Ле Сахел“. Оваа група името го позајмува од еден ноќен клуб во Дакар каде што во 1972 година почнале да се формираат нејзините контури. Јадрото на бендот го сочинуваат дел од најдобрите сенегалски музичари. Нивната музика е опишана како неодолива, суптилна форма на афро-салса, со благ допир на психоделијата до 70-тите, која се чувствува во оргулите на Чеок Тол, лидер на бендот. Групата ќе се распадне своевремено, но денес повторно се соединува издавајќи колекционерски албум со 12 стари снимки. (Т.И.)

Статијата е прочитана 255 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |