18.10.2012, 12:37 Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Манекенката ја добила понудата три седмици по раѓањето на синот Ноа, па напорно вежбала за на ревијата и на фотографиите да покаже завидна фигура
Иако се породила пред само пет месеци, Алесандра Амброзио е избрана да го рекламира градникот на „Викторијас сикрет“, вреден 2,5 милиона долари. Манекенката ја добила понудата три седмици по раѓањето на синот Ноа, па напорно вежбала за на ревијата и на фотографиите да покаже завидна фигура.
Кога ја добила понудата на ревијата на „Викторијас сикрет“ да го носи градникот „Флорал фантази“, направен од аметисти, сафири и рубини, Алесандра Амброзио (31) била многу нервозна. Се уште го доела синот Ноа, но сепак се одлучила да си ја доведе фигурата до совршенство за да не мора да се откаже од привилегијата за која сонува секој ангел на „Викторијас сикрет“.Мајката на две деца, мажена за бизнисменот Џереми Мацура,открила дека од лекарот морала да бара дозвола да започне со вежбање. Можноста да носи градник, во чие средиште се наоѓа дијамантски цвет од 20 карати, претставувало вистинска мотивација за убавицата, која набрзо почнала да практикува јога и прошетки, а потоа и пилатес.
Трудот се исплател и а Викторииниот ангел повторно е подготвена за модната писта. Ревијата на „Викторија сикретс“ ќе се емитува на 4. декември на каналот Си-Би-Ес. Алесандра Амброзио ќе биде главна ѕвезда, со градник и ремен кои содржат 5200 скапоцеи камења.
|