17.10.2012, 13:05 Порноактеркатa Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Аргентинската претседателка Кристина Кирхнер најавила дека Изабел ќе ја извршува функцијата амбасадорка на поп-културата
Аргентинката Изабел Сарли, секс-симбол на шеесеттите и ѕвезда на „меки“ порнофилмови, ја заменила порнокариерата за политичко ангажирање. Аргентинската претседателка Кристина Кирхнер најавила дека Изабел ќе ја извршува функцијата амбасадорка на поп-културата.
Нацијата се сеќава на неа како убавица со совршено извајано тело поради што ја нарекувале Кола Сарли, алудирајќи на шишето „кока-кола“. Во шеесеттите и во ��едумдесеттите години на минатиот век била првата аргентинска актерка која се соблекла пред камерата.
Кариерата ја започнала како моделка, а во 1955 година на натпреварот на убавина ја освоила титулата мис на Аргентина.
Денес Изабел, во својата 77. година, повторно го привлекува вниманието на јавноста, но овој пат како амбасадорка на културата. Претседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, изјавила дека националниот секс-симбол ќе биде „вистинска претставничка на националната култура“, како нејзин нов амбасадор.
Изабел Сарли снимила филмови чии наслови говорат за нивната скокотлива содржина: „Оган“, „Месо“, „Љубов и секс“, „Искушение на голотијата“ и „Тропска екстаза“. Нејзината нова улога е заменик-секретар во министерството за култура.
|