Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.10.2012, 16:33

(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума

Во рамките на Скопската недела на архитектура синоќа на светски познатиот архитект проф. Кенго Кума му беше врачена Наградата за животно дело

ФОТО: Киро Попов

Во Македонската опера и балет, синоќа на светски познатиот архитект проф. Кенго Кума му беше врачена Наградата за животно дело во архитектурата во рамки на Скопската недела на архитектура 2012.

Пред повеќе од 300 гости, јапонскиот архитект и професор Кенго Кума, одржа и предавање за работата на неговото биро, претставувајќи ги сите поважни проекти работени ширум светот. Освен презентацијата на проектите, Кума говореше за процесот на неговата работа и водечката идеја во целокупното творештво.

- Човекот не може да биде одделен од природата, токму затоа природата е она што е неизмерна инспирација, рече Кума.

Според него, неопходно е да се започне од малите работи бидејќи луѓето полесно се поврзуваат со нешто што има човечки размер и е веќе осознаено. Токму затоа во огромен дел од неговите објекти, главен материјал е дрвото, каменот, водата, а подеднакво им се посветува и на големите проекти и на еден сад од оризова хартија.

Нагласи дека особено го цени Кензо Танге и неговиот пристап во урбанизмот, и оти секој треба да се обидува производот на неговата работа да биде што е можно подолговечен, како што тоа го правеле „метаболистите“.

Наградата за животно дело во архитектурата, на Кума му ја врачија организаторите на Скопската недела на архитекура кои изјавија дека неговото писуство и предавање ќе биде инспирација уште долго време и мотивација никогаш да не се престане да се бара вистината во архитектурата.

Доделувањето на наградата беше во организација на Скопската недела на архитекура и Јапонската културна фондација во Виена.

Во фоајето на МОБ беше претставена и изложбата “Кенго Кума: одбрани проекти”.


Статијата е прочитана 370 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
„Црвено“ со Македонската филхармонија
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
Молитвено чествување за Тоше Проески



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |