Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.10.2012, 12:39
„Црвено“ со Македонската филхармонија



Прв пат во Македонија ќе биде изведен Концертот за виола и оркестар од Емил Табаков, диригент од Бугарија, кој често диригира со нашата Филхармонија

Македонската филхармонија, вечерва во Домот на АРМ во 20 часот, ќе одржи концерт симболично насловен „Црвено“. Прв пат во Македонија ќе биде изведен Концертот за виола и оркестар од Емил Табаков, диригент од Бугарија, кој често диригира со нашата Филхармонија, а кој и вечерва ќе застане зад пултот. Како солист ќе се претстави еден од најистакнатите руски виолисти на денешницата, Александар Земцов, кој бил солист и при светската праизведба на овој концерт во Софија во март оваа година.

На концертот вечерва ќе биде изведена и Симфонијата бр. 2 од Александар Скрјабин, напишана во „црвениот“ тоналитет ц-мол, од каде што и насловот на настанот. Скрјабин и неговата музика се тесно поврзани со синестезијата (поврзаност на звукот со бои) и оваа симфонија претставува вистинска реткост на концертните програми поради нејзината комплексна партитура и технички барања од оркестарот, кои пак, се оправдани со големата звучност и изразените оркестарски ефекти.

Уметноста и умешноста на Земцов се меѓународно признати, носејќи му многубројни награди: прва награда на натпреварот „Елизе Мејер“ во Хамбург во 1997, прва награда на 8. Меѓународен натпревар „Брамс“ во Поертшаш, Австрија во 2001, а истата година е победник и на аудицијата за млади солисти во Ставангер, Норвешка, и на натпреварот „Тенуто“ во Брисел.

Од својата 19. година Земцов работи со неколку европски оркестри и во септември 2002 година е назначен за водач на групата виоли во Лондонскиот филхармониски оркестар. Исто така тој е член на гудачкиот ансамбл „Ермитаж“ и ансамблот „Разумовски“. Како солист настапува со Оркестарот на белгиското радио, Музикферајн Виена, Лондонскиот филхармониски оркестар и многу други, на престижни сцени како салата „Чајковски“ при конзерваториумот во Москва, Музикхале во Хамбург, Палатата на уметности во Брисел. Неговиот репертоар ги вклучува сите големи дела за виола. Од неодамна е назначен за професор по виола на школата за музика „Гилдхол“ во Лондон. (Т.И.)

Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар



Трпчески свири заводливо, вели лондонската критика
(ФОТО) Одличен старт, но за селектирана публика
Во српското списание „Акт“ раскази на македонски автори
Скопска премиера на мјузиклот „Декамерон“
Богат викенд на „Скопски џез-фестивал“
Изложба во Детски ликовен центар
(ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Сe зголемува грижата за домашното музичко творештво
Се породи Сашка Димитровска, добредојде за Иан
Американски, дански и африкански звуци за старт на „Скопски џез-фестивал“
„Декамерон“ - мјузикл за убавината на животот
Почина Силвија Кристел позната по улогата во Емануела
Мистериозно исчезнување на првата дама на Северна Кореја
Лидија Димковска го промовира романот „Резервен живот“
Алесандра Амброзио во градник од 2,5 милиони долари
Викторија Бекам во куќата на Коко Шанел
„Адам“ од Говрлево спореден со „Мислителот“ на Роден
Џејми Оливер се жали од „масовни кражби“
(ФОТО) Пластичен свет со фолклор во вибрациите на Александра Митковска
Саат-кулата во Гостивар си го врати стариот лик
Порноактерка Сарли амбасадорка на културата на Аргентина
Ќе се жени скокачот од вселената
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
(ФОТО) Марлен Дитрих - испирација на колекцијата на Јована Филиповиќ
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Дуо Стефановски гостува во Софија
(ФОТО) Во Тајван отворен картонски ресторан
Романот „Татковите книги” на академик Старова објавен во Америка
Bеле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поемa
(ФОТО) Македонска невеста на сајтот на светски познатата дизајнерка Меги Сотеро
(ФОТО) Кој е Феликс Баумгартнер, човекот кој го восхити светот
„Адам од Говрлево“ во Цанкарјев дом
Почина фронтменот на КУД „Идиоти“
„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |