09.10.2012, 19:01 Белешка
И велосипедистите се дел од сообраќајот
Бојан Шашевски
Велосипедизмот зема замав во Скопје. На стари, нови велосипеди опремени со кошнички или седишта за деца, многубројни граѓани секојдневно вртат педали за рекреација, но и за да завршат некои обврски. Но, за жал, мора да се движат по коловоз и со страв да не ги собере некое возило. Зашто, црвените велосипедски патеки на повеќе локации воопшто не постојат, а онаму каде што се исцртани, блокирани се од паркирани автомобили, контејнери, автобуски постојки, билборди.
Позитивен знак е што разни граѓански прогресивни движења почнаа жестоко да се противат на маргинализацијата на велосипедистите. Ваквиот однос може да се смени доколку градските власти овозможат квалитетна велосипедска инфраструктура, велосипедистите да имаат идентичен третман со сите учесници во сообраќајот, а потребните патеки да не бегаат од урбаното планирање на градските транспортни релации. Безполезни се апелите за внимателно возење или функционирањето на „Изнајми велосипед“ доколку велосипедските простори не бидат врежани во проектните планови за улиците и булеварите. И на проширување постојни и новопроектирани коловозни решенија, без никаква селекција.
Многу често велосипедистите и пешаците мора да се движат и да си пречат по исти патеки. Додека градските власти ја овозможуваат ваквата дистинкција, полицајците треба два пати да размислат пред да пишат казна од 25 евра на некој што вози велосипед надвор од обележаните патеки. Се чини дека кога ќе се овозможат основни услови за возење превозно средство на две тркала, измените во Законот за полиција ќе станат логична алатка за регулирање на велосипедскиот сообраќај.
|
|
Статијата е прочитана 886 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 10.10.2012 00:33:53 | Ovde nekoj vozaci (ke gi narecam teski prostaci i nepismeni) ni motorcikli ne pocituvaat i ne gi smetaat za del od soobrakajot, pa kamoli velosipedi. |
| Oskar, 10.10.2012 10:20:52 | Poslednive dve godini, posle dozvoleniot uvoz na stari avtomobili dojde do totalno zagusuvanje na soobrakajot vo gradot. Naj golemi gubitnici pri toa se pesacite, velosipedistite pa i vozacite. Gradot namesto da go resava ovoj naj akuten problem na graganite, naj golemite investicii gi nasoci vo Proektot Skopje 2014 od koj graganite ne samo sto nemaat golemo fajde tuku se i zijan, zagubia ogromen sloboden prostor za dvizenje, parkovi i mnogu vredni sadnici. Prioritetot vo investiranjeto po se izgleda e nebitna kategorija za ovaa vlast. |
| velosipedist, 10.10.2012 11:10:50 | Treba javno da se kaze deka vo Skopje e nevozmozno da se koristi velosiped kako prevozno sredstvo.Vo Skopje vladee takov soobrakaen haos da ne se znae nitu koj pie nitu koj plaka.Ednostavno vladee zakonot na posilniot a ne vazeckite soobrakajni propisi.Povremenite kampanji za koristenje na velosipedite od strana na lokalnata vlast vo Skopje se samo politicki marketing i nisto poveke.Gospodata od lokalnata samouprava go okupirale parkot so motorni vozila i na kraj pamet ne im e da koristat velosiped,osven koga gradonacalnikot na Skopje vo nekoi prigodni priliki ke izvozi stotina metri,demek eve gradonacalnikot dava primer.Ete toa e vistinata za vozenjeto velosiped vo nasiot glaven grad.!! |
| Vinci, 10.10.2012 11:16:13 | Sobrakajnata nekultura i nepismenost na eden del od vozacite (necivilizirani) i nemanjeto soodvetni velosipedski pateki, sozdava nesigurnost kaj velosipedistite, iako i tie se sosema ramnopravni ucesnici vo soobrakajot.Poradi toa, velosipedistite vo nasata metropola se izlozeni na golem rizik, osobeno vo soobrakajnite metezi.Koga veke vo mnogu parametri se sporeduvame so Hrvatska, nasiot ni gradonacalnik neka go vidi resenieto za istoto vo Zagreb kade velosipedski pateki (istovremeno i za roleri) se celosno postaveni uzduz i popreku niz gradot, i sto e najbitno i na glavnite soobrakajnici, kade sto nema teorija da se parkiraat motorni vozila, ili pak velosipedistite da nemoze da se razminuvaat so pesacite.Eve davam edna dobra ideja, koja se razbira ke cini, megutoa da ne se izarcija-izgrabaa (pari od graganite) za mnogute spomenici i barokni obelezja, ete gi parite za velosipedski pateki, pa neli naceloto na aktuelnive vlastodrsci e se vo korist na graganite....!!!!!?????? |
| Владимир Борозанов, 10.10.2012 16:03:48 | Почитуван
Се слозувам наполно
Додаток, и покрај тешкотиите велосипедистите почнуваат да се однесуваат како автомобилистите. Останува дека пешаците се е..... странка. Може би владата треба да размисли за субвенции и да им даде на тие што немаат автомобил, мотор,велостипед и други превозни средства за да си купат персонални хееликоптери за да можат да излезат од дома....Ниавистина најзагрозени се пешаците....ако на тоа додадеме дека сите тротоари се украдени од новите градби.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Облачно
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|