Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
21.09.2012, 17:34

Македонските мировници не биле во опасност во Кабул

И хрватското Министерство за одбрана тврди дека немало спасувачка мисија во Авганистан, туку за ротација на контингенти

Македонскиот контингент, како и припадниците на другите мисии кои учествуваат во мировната мисија на ИСАФ во Авганистан во вторникот не биле во опасност. Ова го тврди и Министерството за одбрана на Хрватска, кое експресно реагираше на текстот објавен во хрватскиот весник „Јутарњи лист“ дека се случувала спасувачка драма во Кабул.

Министерството демантира дека имало спасувачка мисија и опасно извлекување на хрватските војници и на нивните колеги од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Албанија. Тие ги потврдуваат информациите на македонскиот Генералштаб на АРМ дека враќањето на војниците со хеликоптер на хрватската армија било планирано неколку дена претходно, како дел од ротацијата на контингентите, кои ја завршиле шестмесечната мисија во Авганистан.

Осумтемина македонски војници кои учествуваа во Мисијата за тренинг и обука на авганистанските припадници на воената полиција, нивните семејства, пријатели и колеги во текот на денешниот ден ги очекуваа да пристигнат во земјава. Тие пред четири дена тргнале од базата Џулиен во Кабул, по што со хеликоптер биле префрлени во базата Баграм. Потоа со транспортен авион се упатиле кон Киргистан, од каде што секој треба да се упати кон својата матична земја.

И покрај интересот на медиумите да имаат средба со мировниците, од Министерството за одбрана велат дека тоа дополнително ќе се реализира, поради посебните процедури низ кои треба да поминат војниците по нивното враќање во земјава.

Според надлежните во АРМ, војниците се здрави и живи и немало никакви проблеми при нивното враќање од мисијата.

„Војниците не биле нападнати, тоа со сигурност го знаеме. Од базата во којашто биле со хеликоптер биле префрлени на следната локација, од каде што требало да заминат дома. Засега немаме сознанија дека биле опколени, ниту, пак, дека биле цел на напад“, велат извори од АРМ.

Два дена по настанот, хрватски „Јутарњи лист“ објави текст дека хрватските пилоти, кои работат како инструктори во школата за Воена полиција во Кабул,  успешно евакуирале 38 војници во исклучително сложени услови од базата Џулиен во Кабул. Извлекувањето било извршено со зајмен хеликоптер од авганистанската војска „Ми17“, а војската на САД дозволила нивни војници да полетаат со овие хеликоптери како обезбедување. Протестите на локалното население против филмот „Невиноста на муслиманите“ биле причина меѓународните сили и базите во кои се сместени да бидат цел на терористички напади, а безбедноста да биде подигната на највисоко ниво, пишуваше весникот.

Министерството за одбрана на Хрватска, пак, тврди дека текстот за опасно извлекување на војниците во мировната мисија ИСАФ во Авганистан не се точни. Припадниците на хрватскиот воздухопловен тим со два лета ги префрлиле членовите на менторскиот тим од возилото на воената полиција до аеродромот во Кабул, а маршрутата била однапред договорена, односно два дена пред тргнувањето на пат.

„Не станува збор за никаква евакуација и спасување од опколена воена база. Станува збор за редовен транспорт на припадниците на контингентите“, соопшти хрватското Министерство за одбрана. Тие, сепак, потврдуваат дека на почетокот се разгледувала можноста војниците да летаат со хеликоптер на американската војска од Баграм. Но, тоа било откажано поради однапред планираните обврски на војската на САД. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 909 пати.

Испрати коментар



Грчката амбасада не е на распродажба
Џафери пишува, преведувачот чита
Уште петмина спасени по лавината на Хималаите
Иран го блокираше пристапот до Gmail
Идниот месец пресуда за „Метастаза“
Повредени шестмина Пакистанци во сообраќајка
Гатачка барала 27.000 евра за да разбие црни магии
Ѕинго се откажува од пратеничкиот мандат
Бразилски возач на камион спасен од мост
Потврдени уште два случаја на западнонилска треска
Пензионерите од октомври бесплатно во автобус и во сабота
Фирмите ќе плаќаат пониска претплата за фиксен телефон
Лекарите протестираа половина час
Бела книга за стратешките цели на одбраната
Се повеќе компании инвестираат во енергетски проекти
Бензините поевтинуваат до 3,5 денари, а дизелот за 1,5
Кина го доби првиот носач на авиони
Втор Меѓународен саем за транспорт и логистика на Скопски саем
(ФОТО) Двајца тешко повредени во верижен судир во Скопје
Македонска делегација на чело со Пешевски во посета на Кина
Прва средба Попоски - Аврамопулос во Њујорк
Аврамопулос разговарал со Бан Ки-Мун за прашањето за името
Откриен нов вирус на САРС
Француската железница ќе вработи нови 10.000 лица
Штрајк на новинарите - медиумски молк во Грција
„Кредит Агрикол“ ќе ја продава „Емпорики“ за едно евро?
Груевски вети дека ќе се раздолжи со стопанството
Платите замрзнати, пензиите ќе се зголемат
ДУИ во координација со Албанија за прославата на Денот на знамето
Битолчанец извлечен од бездна на Пелистер
Лекарите прво ќе протестираат, па ќе преговараат
„Опел“ одбележа 150 години, но не му е до славење
Самарас му пиша на Груевски и ги одби средбите
Арачиновци фалсификувале евра
СДСМ бара нов ребаланс на буџетот
(ФОТО) Појадок на Камениот мост
Иванов - Каква Македонија ќе создадеме, таква и ќе имаме
„Златна зора“ отвори канцеларија во Њујорк
Меркел и Оланд сакаат посилна Европа
Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повреди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |