Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
23.10.2012, 17:27

Интервју - Да ги научиме младите да размислуваат капиталистички

Ендрју Пејкоф, сопственик на „Нијагара ботлинг компани“

Мирче Јовановски


Во Македонија сум престојувал веќе шест пати, последниве години доаѓам два пати годишно. Вака ја започнува својата приказна Ендрју Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на втората по големина компанија во САД за полнење вода во шишиња. Нејзините производи можат да се најдат во најголемите синџири на маркети во САД. Господинот Пејкоф минатата недела престојуваше во Охрид каде што учествуваше на Глобалниот инвестициски самит организиран од „Македонија 2025“ во која е член на Управниот одбор.



Господине Пејкоф, кај нас малку се знае за вас, иако сте успешен бизнисмен. Кажете ни нешто повеќе за вас?

Моите родители се од Егејска Македонија од малечко село кое во старите денови го викаа Дебрец, кај Кожани, а Грците сега го викаат Анарахи. Дебрец е блиску до Птоломаида, шест километри на запад, мало место. Јас сум роден во Америка, но и двајцата мои родители беа родени во Дебрец. Татко ми емигрирал пред сто години, во 1912, за време на Првата балканска војна, на само 18 години. Заминал да си го спаси животот. Немал ништо, не знаел англиски, една од илјадниците македонски приказни. Во овој дел на светот има толку многу историја и толку многу страдање. Столетија страдања за луѓето, тоа не е фер. Но, историјата е таква каква што е.



Како ја гледате целата ситуација околу Македонија, проблемот со името, политичката ситуација, економијата...?

Поставивте неколку прашања. Но, прво за името. Ова е повеќе емоционално прашање, отколку бизнис прашање. Емоционално, бидејќи во прашање е името. Кој има право да ни каже како да ја нарекуваме нашата земја. Но, од бизнис гледна точка - бизнисот си е бизнис. Ако на пример ние се нарекуваме Република Северна Македонија и ако тоа не' доведе до ЕУ, кој правец е подобар за земјата, дали е подобро економски да се биде во Европската унија, некој попаметен од мене треба да даде одговор на ова. Се разбира, од емоционална гледна точка она што нервира е другите земји да ти кажат како да ја нарекуваш сопствената земја... Ние знаеме кои сме и тоа не е нивна работа Но, исто така, треба да го направиме она што е најправилно за економијата.



Дали верувате дека Македонија може да биде успешна на планот на економијата?

Апсолутно, да. Мислам дека има многу можности и за тоа ќе зборувам попладнево на панелот (интервјуто беше правено во Охрид, заб), каде што ќе се осврнам на некои од овие теми. Македонскиот народ знае како да работи, тоа е во нашата ДНК. Не сме мрзливи луѓе, а тоа е важно да се постигне успех. Географски Македонија има добра локација во Европа. Исто така и климата е добра, даночните стапки се поволни, како и стапките за транспорт на стоки. Сите овие работи го поттикнуваат развојот на бизнисот како и трговијата и извозот. Македонија може да извезува различни работи од областа на земјоделството, како на пример вино, сирење, маслинки, ајвар...



Што треба да направат нашите компании за да го подобрат нивниот извоз во другите земји во Европа, во САД...?

Сите овде мислат да извезуваат во САД. Тоа е добро, но Европа е поблиску, на само еден ден, а сето тоа заштедува пари... Мислам дека сите земјоделски производи од Македонија можат да се извезуват, нашата работна сила е конкурентна и секако квалитетот на сите земјоделски производи е многу висок. Потоа, гледам на можностите за производство и на можностите за развој во рамките на земјата. Еве некои работи кои ги гледаат моите очи. Сакам да видам некои винарии и се прашувам зошто не се произведуваат шишиња, туку сите се увезуваат од Бугарија, од Турција, од Србија. Се прашувам зошто? Зошто не би ги произведувале самите? Велат па тоа не е исплатливо, но како знаете?



Како гледате на Самитот во Охрид, како на можност да се воспостави поврзување помеѓу локалните бизнисмени и дијаспората?

Мислам дека постојат можности. Има најмалку две различни школи на мислења кој е најдобриот начин да и се помогне на Македонија со овој концепт со дијаспората. Едниот се директни странски инвестиции. Донесете пари и се' ќе биде во ред. Не верувам во такво нешто. Тоа е моето мислење. Другото мислење е да почне да се менува начинот на размислување во Македонија, да размислува повеќе западно, да размислува повеќе за слободната ини��ијатива, повеќе капиталистички и да им ги отвори очите на младите македонски претприемачи за тоа како слободната иницијатива навистина функционира. Еден од проблемите кој јас го гледам, кога зборувам со луѓето овде во Македонија е образовниот систем. Сите професори беа образовани за време на комунизмот. Така, кај младите луѓе и кај професорите социјализмот се' уште е во нивниот мозок, тоа е социјалистички начин на размислување. Но, социјализмот не функционира, тоа се докажа. Затоа, проблем е ако професорите веруваат во тоа и студентот верува во она што го учи професорот. А, тоа не може да функционира во слободно општество. Ние треба да ги промениме и двата процеси. Младите кандидати за претприемачи во Македонија да го учат американскиот начин на водење бизнис. Не мора да биде американскиот начин, туку концептот. Американскиот начин функционира. Можеби не е како канадскиот, германскиот или австралискиот, но јас знам дека американскиот работи и знам дека социјалистичкиот начин не функционира. Затоа треба да го смениме размислувањето кај луѓето. Порано, за се' се грижеше владата, но ако дозволите такво нешто вие сте веќе загубени. Тоа е крај. Треба самите да ги засукате ракавите и да работите.



Може ли да го воспоставиме американскиот начин на водење бизнис овде во Македонија?

Мислам да. Овде има многу умни млади луѓе кои сакаат да успеат, да имаат убав живот, сакаат да помогнат да се изгради земјата. Имаме прекрасна земја.



Какво е Вашето мислење за формирањето инвестициски фонд во кој што ќе учествува дијаспората, а ќе биде управуван од СЕАФ?

Има мноштво размислувања што да се направи. Без оглед кој начин ќе се избере и натаму работите ќе треба да се направат од страна на луѓето во Македонија. Затоа најважната работа е да се развие начинот на размислување во Македонија, да победи. Стариот начин беше дека владата ќе ви го постави бизнисот, а вие ќе ги земете парите. Ништо од тоа. Тоа не е претприемаштво, тоа не е капитализам. Ако правите така ќе пропаднете и целата земја ќе пропадне бидејќи тој начин не функционира. Потребно е младите луѓе повторно да се едуцираат кон идејата дека можат да прават што сакаат и да бидат успешни, но треба да работат и тоа напорно, треба да работат долго и треба да работат паметно. Но, вие можете тоа да го направите. Не чекајте некој друг тоа да го направи за вас. Направете го вие.



Некои од американските компании инвестираа во Македонија. Може ли таквиот тренд да продолжи?

Ќе ви одговарам поинаку. Во Америка повеќето луѓе кои започнале бизнис и имале успех не чекале некој друг да инвестира во нивниот бизнис, не чекаат некој друг да ги донесе парите, тие почнуваат со работа, и работат, работат, работат и почнуваат да заработуваат сопствени пари. И успевааат самите, не со нечии туѓи пари. Концептот е различен. Овде концептот е некој друг да ми даде и јас да успеам. Ако некој друг ви даде нема вие да успеете, треба вие да работите. Затоа треба да се промени начинот на размислување, да им ги отвориме очите на младите македонски претприемачи. Имаме многу паметни млади луѓе што сакаат да успеат, но ние треба да ги образувме како тоа да го постигнат. Сега мислат дека тоа може да го направат со нечии туѓи пари. Тоа е погрешно. Вие самите треба тоа да го направите. Како вашата работа новинар, дали вашиот шеф ќе ви ја заврши работата? Вие треба самите да ја завршите.



Кажете ни нешто повеќе за Вашиот бизнис. Колку што е познато, вашата компанија „Нијагара ботлинг“ е втора по големина во САД за полнење вода во шишиња.

Ние сме втора по големина, а најголема која е поседувана семејно и се' уште растеме многу брзо. Тоа е американско- македонска успешна приказна. Започнавме практично од ништо, но работевме напорно и повторно работевме напорно, направивме многу грешки, но работите се учат и низ грешките. Ако правите така, постепено учите и станувате се' поуспешни. Сега имаме годишни приходи од милијарда долари. Еден од моите синови е извршен директор. Се' уште работиме напорно и целиот наш тим работи напорно. Имаме многу добри луѓе и најдовме начин да успееме и да одиме до следното ниво, но не со помош на владата.



Значи прашање на време е кога ќе бидете на листата на милијардери на Форбс?

Немаме ништо со таа работа. Ние само водиме свој бизнис. Ние бевме многу благословени, но исто така и работевме, никој ништо не ни даде. И овде е така. Има многу можности. Ќе наведам само некои. Во центарот на Скопје има голем шопинг центар, но е толку стар што треба да се обнови. Тоа е можност бизнисмените да направат пари. Тоа место може да се направи да има светски статус, да биде светска класа, еден од најдобрите во светот. Таквиот центар ќе носи повеќе пари, повеќе приходи, повеќе даноци, а ќе биде и симбол на гордоста на македонкиот народ. Тоа е добитна комбинација за претприемачите, за владата, за граѓаните и за туризмот, за целата земја. Секој би добил, но никој ништо не прави. Зошто? Чекаат некој друг да го направи, тоа е стариот систем.



Како сопственик на компанија која полни вода во шишиња, што мислите за водата за пиење во Македонија, дали тука лежи можност за бизнис и за извоз?

Мислам дека тоа е голема можност која никој не ја гледа. Нашиот стил на компанија за полнење вода во шишиња не постои во Македонија, ниту на Балканот, ниту пак во Европа. Досега никој нема одлучено да го направи тоа што сме го направиле ние. Тоа што го правиме се покажа дека функционира, имаме висока стапка на пораст и нашиот систем е ефикасен. Овде има одлични можности. Географски, компанија за полнење вода лоцирана во Македонија може да покрие пазар од околу 20 милиони луѓе - на север е Белград, јужно е Солун, на запад Приштина и Тирана , Софија на исток, се' заедно можеби популација од 20 милиони луѓе. Но никој не го прави тоа. Ако имате правилна структура на трошоци може да експлодирате на пазарот. Но, полнењето вода е само една од можностите. Шанса е и зголемување на пазарот за винската индустрија. Ние имаме многу добри вина и ако бидеме атрактивни со цената и доволно квалитетни, бизнисот со вино би можел да се удвои или да биде неколкукратно поголем. Ние сме увозно базирана економија со евтин извоз. Зошто не правиме сопствени шишиња, зошто на другите земји да им даваме профит што можеме самите да го земеме, зошто не пакуваме пиперки или домати кои се многу вкусни и да ги продаваме. Или сирења, јагнешко... Но, треба да се размислува претприемачки, тоа е американскиот начин. Тука, пак, пристапот е да ја пуштиме владата да се грижи за нас.

Дали некогаш одите во селото на вашите родители во Грција?

Да, бев пред една и пол година со еден од моите синови. Пропатувавме многу, од Италија, па се' до селото. Имам роднини кои се' уште живеат таму. Има голем напредок, го знаете грчкиот стил на подобрување - преку задолжување (се смее). Но, секако е подобрено, куќите, улиците, сето тоа е убаво... Но, лошата страна е грчкиот пристап кон македонското прашање во Егејска Македонија. Во училиштата учат дека никој не е Македонец, туку дека сите се Грци. Тоа е многу разочарувачки за мене. Јас знам што ми зборуваше татко ми, дека сме Македонци, а не Грци. Немам ништо лошо со грчкиот народ, но ние не сме Грци, тоа е што е, ние сме Македонци. Бев сместен во хотел во Птоломаида, каде што еден од вработените ми заличи на Македонец. Го прашав дали е Македонец или Грк, а тој ми одговори: Не, јас сум Грк. Мојот дедо е Македонец.


Статијата е прочитана 1260 пати.

Испрати коментар



Се подобрува бизнис-климата
Тендерите паѓаат поради кризата, но и несериозните инвеститори
Во Источна Македонија има иднина за три рудници за бакар
Романски бизнисмени ќе инвестираат во Кавадарци
Царината и' одзеде акцизна дозвола на една винарска визба
Оризот роди рекордно, оризарите чекаат добра цена
Средба на жени-фармери од Македонија и Косово



jovan, 24.10.2012 00:23:23
Sekoja cest za uspehot na ovoj biznismen Gospodin Endrju. Razgovorot sigurno ste go vodele na Angliski, a prezimeto sigurno mu zavrsuva so dve F(Pejkoff). Tie so dve F na kraj, se od MPO i Makedonija ja gledaat dosta*poinaku*. Ke se izrazam vulgarno, no nego za Makedonija ic ne mu cue. Go interesira samo profitot koj bi mozel da go ostvari tuka. Eden mlad moj komsija(student) nesto se zamuabetisavme za i okolu *fondot na iselenicite* koj ke investirale tuka, pa deteto samo kratko prokomentira:(pak ke bidam vulgaren)*Stom go promenile imeto vo Majkl, Stiven...turi im ...* Neznam zosto se uste ste naivni i veruvate deka nasite Majkal, Dzon, Stiven... ke ne spasuvale. Veruvajte deka podobro ke pominete so nekoj *vistinski* Dzon, Majkal, Stiven... nego li so ovie nasive. Nema nisto od niv. Ama bas nisto. Tuka se nesto ako mozat da karat od drzavata, a ne da dadat. Preku 30 god. sum so edna noga tamu(Canada) so edna tuka. Se mi e jasno koj e koj tamu i kolku im znaci Makedonija.
zagrizen, 24.10.2012 01:45:54
Taka e Jovan se slozuvam, *Uzdaj se use u svoje kljuse*.Treba vo osnova sami da gi resavame problemite.A zosto da gi naucime mladite da razmisluvaat kapitalisticki?Pogotovo modelot na USA,koj po mene e daleku najlos.Denesninata ni go pokazuva toa.I pokraj ogromnata propagandna masinerija koja raboti za kapitalizmot svedoci sme da istiot e *down*, a *up* se nekoi zemji kako Brazil,Kina,Rusija kade ne e *pure* kapitalizam.Lugjeto vo mnogu kapitalisticki zemji se na ulica, ne od kef, tuku od maka.Dali Gosp. Pejkof znae primer deka vo USA 5,5% nemaat dovolno hrana,a vo Juni za bonovi za hrana se javile 46,7 milioni Amerikanci?Treba formula koja bi sodrzela pozitivni nesta od site sistemi,primer zdravstvoto,skolstvoto,socijalizacijata na lugjeto se negativnosti na kapitalizmot,a ekonomicnosta,produktivnosta, se pozitivni.Za da se izvezuva vo Evropa od MKD pred i se treba da ima STANDARDIZACIJA na proizvodite koja bi se bazirala na odredeni specifikacii i normi.Toa tesko odi kaj nas.Pozdrav!
Itar Pejo, 24.10.2012 08:21:02
Odlicna lekcija ni odrza kapitalistot. Американскиот начин функционира !!!!! Zatoa vo Amerika nema siromasi, osven tie sto se mrzlivi. Kako kapitalistot objasnuva deka vo Amerika ima tolku mnogu mrzliv narod. I zosto mrzlivite gi ima se povece i povece? A i kaj nas se slucuva nekoj cuden fenomen. Profesorite gi ucat mladite na socijalizam, koj sto ne funkcionira. A kapitalistov na fakultet li naucil kako se pravi biznis?
Трпе, 24.10.2012 08:39:03
Во РМ е дојдено нож до коска.Се треба да се започнува од почеток.Прво младите требада ги научиме да размислуват феудалистички (поточно робовладетелски) а потоа да се премине на капиталистичко размислување.А овој што соли памет се бавел со најпрофитибилниот бизнис полнење на вода во шишиња(што има овде толку претприемачка способност, срека што родителите му оставиле капитал),уште да се сети таа вода да биде и топла е тогаш ке биде во групата на најбогатите.
Buntovnik, 24.10.2012 09:07:25
Kako bi bilo da gi naucite mladite prvo da razmisluvaat. A ne da gi klonirate kako vasi papagai.
P.Petar, 24.10.2012 11:04:09
Demek sto e vazno imeto koga e vo prasanje biznis?? Pa togas sto ne se smeni imeto na USA vo Soedinetite Drzavi Na Iselenicite ?? Amerika e od Patagonija/Vo Argentina do Beringoviot moreuz vo Aljaska?/ Koj im dava pravo samo tie da go koristat imeto Amerika??A koga e vo prasanje biznis bi go prasal jas nego koga sega bi otisol vo USA dali bi mozel i za kirija da zaraboti!! Vakvite gi boli takvooto za Makedonija tie se samo magepsani od zeleniot dolar!!
Македонец, 24.10.2012 11:28:57
А вие што коментирате каков успех имате постигнато до сега па што солите памет?! :))))))
debrca, 24.10.2012 11:53:21
Ne e taka lesno da se kazuva od gore za tuka, ajde togas G-dine Pejkov koj si go smenil i imeto za da uspee raboti raboti tuka so nisto da vidime do kaj ke stignes ... Se znae kako se uspeva vo kapitalizam, so laga i prevara i so zemanje od drugot, mnogu mnogu prikazni skaski i slicno ne ni se potrebni...
Ајван Доктор®, 24.10.2012 13:25:45
Од некое село во Егејска Македонија,роден во Америка,а татко му емигрирал пред сто години...Што,пак,тој знае за Македонија?Знае ли македонски,или говори исклучиво англиски и грчки?Грците живееле од заеми!?Случајно тој да не го изградил својот посед без заеми и кредити од банка?На кого му продаваат бели бубрези?Зарем навистина треба да веруваме во приказните за градење империја со 1$!Ова ли се тие нашите „странски инвеститори“што имаат привилегиран статус при вложувањето капитал во земјава?!
Александар, 24.10.2012 14:06:25
Ако водиш бизнис во Америка, твојот таргет е 300 милиони луѓе или во некој поголем град, локално имаш бизнис со неколку милиони луѓе. Тука може да се најдеш во град со 0,1 милион луѓе или на ниво на држава 2 милиони. Пропорционално тоа е некаде околу 15 до 150 пати помал пазар, зависно како се поставени работите.
Rac, 24.10.2012 15:11:58
Heroju nas Bravo bravo Kakvi li se makedonci imame niz svetot Gospod da ne blagoslovi site
Baze, 24.10.2012 15:18:28
Bash vasite komentari go potvrduvaat toa shto chovekot go komentira vo intervjuto. Cela Makedonija cheka nekoj da dojde da ni napravi rabota, da ne smesti. Dur ne pochneme sami da stvarame nema uspeh. I vasite komentari toa go potvrduvaat. Da chovekot e biznismen i doshol tuka da prodade, da zaraboti od drzavava. Sto mislevte? Dojde da ni dade od parite sto cel zivot gi pecalel? Prestanete da mislite deka nekoj kje dojde i kje ni pomogne, stanete rabotete I samite sebe pomognete si. Samo togash kje ja svatite vistinskata smisla na kapitalizmot. Pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Сабота
Облачно
Макс: 19°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (35)
Дали Јованка била параноик. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Моќните луѓе во Белата куќа
Ако Барак Обама го победи Мит Ромни, ќе стане третиот претседател едноподруго кој освоил втор мандат...
Осудени зашто не предвиделе земјотрес!
Шестмина сеизмолози од Италија се прогласени за повеќекратно убиство во местото Аквила каде што во 2009 година загинаа 3...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |