Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Хроника
19.11.2010, 16:51

Децата се ранливи, грижете се за нив

Алармантно расте физичкото, психичкото и сексуалното насилство врз најмладите

Децата, како ранлива категорија на секое општество, имаат потреба од посебна грижа и помош од страна на возрасните. Потребно е да се почитуваат децата и нивната личност, нивните права, интереси и секогаш да се слушне детското мислење. Ова е пораката што ја упатија невладините организации по повод универзалниот Ден на детето, а кои се борат за детските права за да ги потсетат и да ги предупредат возрасните на обврските што ги имаат кон најмладата популација.

Првата Детска амбасада во светот „Меѓаши“, веќе десетта година заедно со уште 473 организации во 113 земји низ светот ги одбележува 19 Ноември – Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата и 20 Ноември – Светскиот ден на детето. Оттаму потсетуваат дека, за жал, секоја година расте бројот на случаи што се однесуваат на злоупотреба и насилство врз децата, а медиумите константно известуваат за се' подраматични случаи на физичко, психичко и сексуално злоупотребување на децата.

Минатата година на СОС-телефонот за деца и млади (0800 1 2222) се регистрирани зголемен број повици на деца, нивните родители и блиски членови на семејството, кои посочувале појава на секаков вид злоупотреба на децата. „Дури 48,3 отсто од пријавите се однесуваа на физичко, психичко, сексуално насилство врз децата, што е за 9 отсто повеќе споребено со 2008 година“, укажуваат во „Меѓаши“.

Испитувањата меѓу учениците, спроведени од страна на „Меѓаши“, покажуваат дека 41,6 отсто од децата биле тепани дома, а 57 отсто кажале дека познаваат други деца што биле удрени од страна на професор во училиште.

„Ова е алармантен проблем што бара поголемо внимание и заштита, како и превентивни мерки на семејно, национално и меѓународно ниво. Потребно е синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, како и подобра соработка меѓу граѓанските организации и институциите на државата, со цел заштита на децата“, укажуваат во „Меѓаши“.

По повод Универзалниот ден на децата, претседателот на невладината „Цивил“, Џабир Дерала, апелира Владата да им одобри итни средства барем на 50 деца што имаат потреба од неодложни операции во земјава и во странство. „Со тоа ќе покажат вистинска грижа за нашите најмлади сограѓани. Ги повикуваме и сите хумани луѓе во оваа земја да донираат средства на деца за кои се во тек јавни апели за помош“, вели тој. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 2242 пати.

Испрати коментар



Штипјанка пронајдена премрзната и во кома
Убил куче оти било посилно од неговото
Пари за семејството на убиениот турист
Автомобил прегази пешак кај Гостивар
Не помагаат ни високите казни - на патиштата се вози лудо



G. Stojanovic, Holandija, 20.11.2010 15:19:03
Bi bilo navistina dobro ako ovoj den - den na deteto - vo idnina se ispolni na edukativen nacin za roditelite i obrazovnite rabotnici. Na primer so ucestvo vo rabotilnici na razni temi povrzani so psiho-socijalniot razvoj na decata, razmena na roditelski iskustva ili kreativna terapija niz igra. Bi trebalo site da zapomnat i vrezat vo mislite: kakvi deca - takva idnina!
Sime, 21.11.2010 01:24:33
Еве решение што да се рпави со 800 000 евра казна од Телеком. ВЕДНАШ Телекомот да се формира фонд за помош на болни дечиња.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |