21.10.2011, 11:18 Чавес: Убиството на Гадафи е срамота
Претстедателот на Венецуела Уго Чавез изрази бес поради смртта на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, оценувајќи го неговото убиство - срамота.
- За жал смртта на Гадафи е потврдена. Тие го убија. Тоа е уште една срамота, истакна Чавес, по враќањето од Куба, каде се лекува.
Тој наведе дека цел живот ќе се сеќава на Гадафи како на голем борец, револуционер и маченик.
- Најтажна работа е што во својата желба за доминација со светот, империјата (САД) и нејзините сојузници палат оган, посочи Чавес.
Венецуелскиот претседател од почетокот на немирите и протестите застана на страната на Гадафи и ја обвинуваше Северноатлатската алијанса дека ги користи судирите во Либија за преземање на контролата над либиската нафта.
Чавес одби да ја признае новата либиска власт, а новиот либиски претставник во Обединетите нации го нарече марионета и статист.
|