19.10.2011, 14:03 Цената на нафтата над 88 долари
Цената на нафтата, денеска, на азиските берзи се движи над 88 долари за барел по извештајот дека неочекувано се намалиле американските резерви на црното злато минатата недела, што е знак за зголемена побарувачка. Нафтата за достава, во ноември, во електронското работење на берзата во Њујорк забележи пад од седум центи и се тргуваше за 88,27 долари за барел.
На лондонската берза европската нафта „брент“ за достава во декември забележи пораст од 15 центи и се продаваше за 111,30 долари за барел.
Американскиот институт за нафта синоќа објави дека резервите на нафта во САД се намалени за 3,1 милиони барели минатата недела, додека аналитичарите прогнозираа зголемување за 1,8 милион барели.
|