18.10.2011, 15:15 Кралев најави зголемување на екстерните предмети од матурата
Со Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар деновиве ја разгледуваме можноста во рамки на постојните наставни планови која динамика би била најсоодветна за евентуално зголемување на екстерните предмети од државната матура, изјави денеска министерот за образование и наука Панче Кралев.
Тој не ги коментираше и ги оцени како неофицијални информациите во јавноста за тоа кои екстерни предмети би можеле да влезат во државната матура.
- За кратко време ќе организираме прес-конференција на која ќе бидат објавени сите одговори на оваа тема, додаде Кралев на денешниот прес по повод трансформацијата на работниот однос на наставниците.
|