17.10.2011, 14:18 Италијански алпинист загина на Алпите
Италијански алпинист загина, а друг е тешко повреден додека се обидувале да се искачат на северните падини на планината Матерхорн, на границата меѓу Швајцарија и Италија.
Полицијата соопшти дека 42-годишен алпинист од Бреша загинал во неделата наутро откако се лизнал и паднал од карпа прекриена со мраз, висока над 3.700 метри.
Во соопштението на полицијата од кантонот Вале се наведува дека друг алпинист, на 23-годишна возраст, со тешки повреди е пренесен во болница.
Планинскиот врв Матерхон, висок 4.478 метри е еден од највисоките врвови на Алпите и е омилен меѓу алпинистите од целиот свет.
|