17.10.2011, 15:07 Приведен малолетникот кој го ограби Бошкоски
Секторот за внатрешни работи - Скопје денеска со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство го предаде лицето М.Т. (17) од Скопје под сомнение дека извршил кражба во куќата лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски.
М.Т. се сомничи дека на 21 и 22 август 2011 година во времето од 19.30 до 09.30 часот на ул.„Ѓорѓи Скрижевски“, со провалување насилно влегол во куќата сопственост на Бошкоски, претурал по собите каде што пронашол и одзел златен накит во вредност од околу 1.200.000 денари, како и оригинален клуч од возило „Ланчија“ со кое се оддалечил во непознат правец со што сторил кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор од 30 дена.
М.Т. е приведен синоќа во скопската населба „Аеродром“, од страна на припадници на „Алфите“, а бил баран по претходно распишана потерница од Затворот Велес и СВР Скопје.
|