19.10.2011, 12:17 Во напади на Курдите убиени 24 турски војници
Бунтовниците нападнале воен објект во кој биле сместени војниците на границата со Ирак. Уште 18 војници биле повредени во нападот.
Курдски бунтовници утрово убиле најмалку 24 турски војници на југоистокот на Турција, јавија локалните медиуми. Бунтовниците нападнале воен објект во кој биле сместени војниците на границата со Ирак. Уште 18 војници биле повредени во нападот.
Според аналитичарите, ова е најсмртоносен напад на курдските бунтовници во последните неколку години, односно од 1984 година кога ПКК ја започна оружената борба против турската држава. Во конфликтот досега загинаа околу 45 илјади луѓе.
По најновата вест, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја откажа посетата на Казахстан. ПКК е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ. Турската влада во последно време засилено се закануваше во навлегување во Северен Ирак за да се пресмета со курдските бунтовници. Последен пат турската армија навлезе во Северен Ирак во февруари 2008 година со повеќе илјади војници.
|