18.10.2011, 11:46 Гилад Шалит предаден на израелските власти
Израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше држен во заробеништво од Хамас повеќе од пет години, беше предаден на Израел, соопшти израелската државна телевизија и воено радио.
Во замена за ослободувањето на Шалит, што беше договорено со палестинското исламистичко движење со посредништвото на Египет, Израел денеска треба да ослободи 447 палестински затвореници.
Порано денеска египетската телевизија ги емитуваше првите снимки со Шалит од 2009 година. Во цивилна облека, тој изгледа слаб и блед, но во добра здравствена состојба.
Другите 550 Палестинци треба да бидат ослободени подоцна оваа година.
- Извршувањето на договорот за размената на затвореници се одвива спроед планот, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Израел се согласи да ослободи 1.027 Палестинци, меѓу кои има 27 жени, во две фази во замена за Шалит, кој беше киднапиран пред повеќе од пет години. Првата група од 477 затвореници, меѓу кои има 287 осудени на смрт се ослободени утрово, а останатите 550 за два месеци.
Претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек, го поздрави ослободувањето на Гилад Шалит по преговори кои траеја пет години. - Тоа е уште еден доказ, дека 2011 година е година на чудат��, посочува Бузек во изјава распространета од прес службата на ЕП.
|