19.10.2011, 11:26 Парламентот ќе расправа за Извештајот на ЕК
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 11. седница на која ќе расправа за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.
На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, Законот за странци, Законот за спречување на судир на интереси, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за град Скопје, сите во прво читање.
Во второ читање ќе бидат разгледани измените на неколку закони од областа на судството, транспортот, одбраната, земјоделството и екологијата. По скратена постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор и на Законот за заштита на децата.
Собранието треба да расправа и по информацијата за алармантниот пораст на невработеноста и сиромаштијата во Македонија поднесена од пратеници од опозицијата.
|