18.10.2011, 12:28 Масовниот убиец Брејвик е непопуларен во затворот
Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик никогаш нема да може да се чувствува сигурен во затворот, велат повеќемина поранешни затвореници, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Според некои осуденици, пишува норвешкиот дневен весник „Афтенпстен“, Брејвик се наоѓа на најдолното скалило во интерната хиерархија на затворениците, при што многумина веројатно би сакале да го казнат со сопствени раце.
„Поради она што го има направено, Брејвик добива статус на апсолутна нулта точка. Сите затвореници во Норвешка чувствуваат потреба да истакнат дека не се како него“, вели норвешкиот криминолог Томас Угелвик.
|