Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.10.2011, 12:21
Насилство на протестите против капитализмот




Движењето против социјалната нерамноправност вчера се прошири на 950 градови низ целиот свет. Освен судирите во Рим и Њујорк, протестите минаа мирно.

Протестите против социјалната нерамноправност и алчноста на банките кои вчера паралелно се одржуваа во повеќе земји во светот, станаа насилни во Рим и Њујорк, каде дојде до судири на демонстрантите со полицијата.

Десетици илјади луѓе вчера маршираа во Рим, Лисабон и Мадрид. Во главниот град на Италија дојде до жестоки судири, откако демонстрантите запалија автомобили и уништуваа претставништва на банки. Во Њујорк беа уапсени повеќе од 70 демонстранти.

Протестите се инспирирани од движењето „Окупирај го Вол стрит“ кое започна во САД, како и од движењето на т.н. „Огорчени“ во Шпанија, но вчера се прошири на повеќе од 950 градови во 80 земји во светот.

Насилството ескалираше во Рим, каде, групи маскирани луѓе се уфрлиле во протестите кои започнаа мирно и почнале да уништуваат се’ што им се наоѓало на патот. Полицијата интервенирала со солзавец и водени топови.

„Има само едно решение: Револуција!“, пишуваше на еден транспарент во Рим. Група демонстранти носеа и ковчег со името ��а премиерот Силвио Берлускони на него. Берлускони подоцна ги осуди насилствата, слично како и римскиот градоначалник Џани Алемано. 70 луѓе биле повредени во судирите, тројца од нив се наоѓаат во критична состојба.

Протестите добија неочекувана поддршка и од гувернерот на италијанската централна банка Марио Драги, поранешен функционер во гигантот „Голдман Сакс“, кој во иднина ќе биде и претседател на Европската централна банка.

„Тие му се лути на светот на парите. Можам да ги разберам“, рече Драги.

Протести имаше низ цела Европа. Во Амстердам, Атина, Брисел, Женева, Париз, Сараево...

Во Лондон, полицијата ги спречи околу 800-те демонстранти да го блокираат берзанскиот кварт, и притоа уапси пет лица. На протестите им се придружи и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

„Го поддржуваме протестот затоа што веруваме дека банкарскиот систем во Лондон прима ’валкани’ пари“, рече Асанж.

Својот гнев, демонстрантите го насочија и кон Европската унија, откако околу 9.000 протестанти маршираа кон седиштето на Унијата во Брисел.

Во САД, најмалку 74 лица беа уапсени, откако илјадници маршираа во Њујорк. Полицијата со коњи навлезе во масата луѓе кои се обидуваа да стигнат до Тајмс сквер, при што една жена беше потешко повредена. Се демонстрираше и во Вашингтон, Мајами, Лос Анџелес и други градови.

Помали групи од по неколку стотици луѓе го искажаа гневот против финансискиот систем и во берзанскиот кварт во Хонг Конг, Токио и Сиднеј.





Статијата е прочитана 1167 пати.

Испрати коментар



Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука
Косово до крајот на 2011 ќе почне преговори за визна либерализација
Во напади на Курдите убиени 24 турски војници
Зголемен бројот на странски туристи во август
Бактеријата листерија усмрти 25 лица во САД
Парламентот ќе расправа за Извештајот на ЕК
Грција парализирана поради 48-часовен генерален штрајк
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Иванов на средба со емирот од Катар
Пожарот ги „затопли“ односите со Катар
Евтините кредити најрано од ноември
Крај на сезоната на градските плажи
Кралев најави зголемување на екстерните предмети од матурата
Емирот на Катар најави инвестиции
ЕБОР - Ќе забави растот на македонската економија
Јанкуловска - Пожарот во „Палас“ од неисправна светилка
Дачиќ - Апел до КФОР да не се употребуваат насилни мерки
Груевски - Грција воопшто не се труди да најде решение
Масовниот убиец Брејвик е непопуларен во затворот
Tехнома 2011 од денеска на Скопски саем
Гилад Шалит беше предаден на израелските власти
ОН повикаа на примирје за Олимпијадата во Лондон
Емирот од Катар денеска на средба со Груевски
(ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТОГАЛЕРИЈА) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
Пожар во Центарот за азиланти во Скопје
Владата ќе го зголемува нивото на електронска трговија
Емирот на Катар пристигна во Скопје
Исчезна службениот возач на ректорот на ДУТ
Владите, а не коморите да ги решат блокадите со Грција
Приведен малолетникот кој го ограби Бошкоски
ВМРО НП бара веднаш да се одреди датум за следниот попис
Италијански алпинист загина на Алпите
Лагард - ММФ има доволно капитал
Иво Санадер останува во притвор
Груевски - Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ
Мајка и ќерка загинаа во пожар во Трогир
Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип
Одложена одлуката за стечај на А2
Убиен синот на Гадафи, во Сирт грабежи
Четири жртви во сообраќајка во Скопје
Сообраќајот кон Грција повторно во прекин
Емирот на Катар во посета на Македонија
Парламентот и официјално го прекина пописот
Килограм злато украдено од стан во Скопје
Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
Ставрески - Со капитални инвестиции против европската криза
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот



aleks, 16.10.2011 18:55:33
makedonceto i ovoj protest ke go pomine vo kafe pienje i tepanje prazni muabeti ogovaranje isto kako sto pomina i koga se resavase sudbinata na drzavata so promena na imeto a podocna i ramkovniot dogovor.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | ��порт | Скопје | Забава | Хороскоп |