17.10.2011, 11:48 Одложена одлуката за стечај на А2
Основниот суд Скопје 2 денес донесе одлука за замрзнување на постапката во која се одлучуваше дали телевизијата А2 ќе се соочи со стечајна постапка.
Замрзнувањето ќе трае додека не се утври дали на легален пат е земена и дадена позајмицата со која А2 го исплати долгот на УЈП.
Стечајниот управник Ацо Петров доби наредба да поведе судски спор во кој ќе се одлучи дали имало прекршување на законите во моментот кога А2 позајми 100.000 евра со кои си го исплати долгот.
Адвокатот на телевизијата, револтиран, одби да го потпише записникот од рочиштето.
Управата за јавни приходи смета дека е спорно како А2 зеде заем само еден ден откако во „Службен весник“ беше објавено решението за забрана да располагаат со имотот и парите.
За позајмицата, надлежните од А2 телевизија не се консултирале ниту со стечајниот управник.
|