17.10.2011, 12:15 Мајка и ќерка загинаа во пожар во Трогир
Мајка и ќерка загинаа во пожар што ноќеска изби во куќа во Трогир кај Сплит.
Изгорените тела ги пронашле пожарникарите откако го изгаснале пожарот. Полицијата врши увид кој би требало да ги разјасни причините за трагедијата.
Локалните медиуми известуваат оти причината за пожарот можеби биле дотраените инстаралции.
Првично се претпоставувало дека 64-годишната Марија и 28-годишната Петра, и двете со пречи во душевниот развој, успеале да го напуштат станот во приземјето на куќата, но сега се претпоставува дека настрадале додека спиеле.
Телата се префрлени на сплитска патологија за да се утврди причината за смртта. Поради пожарот, дел од центарот на Трогир бил неколку часа без струја.
|