18.10.2011, 15:31 Крај на сезоната на градските плажи
Двете градски плажи на Вардар, „Камен мост„ и „Парк“ се затворени за посетители. Заврши летната сезона за сончање и ноќно забавување. Целосниот инвентар и опремата од плажите ќе бидат повлечени и повторно поставени на почетокот на наредната сезона.
Од Град Скопје се задоволни од годинешната искористеност на капацитетите на двете плажи, бидејќи многу граѓани и посетители поминале голем дел од летниот период рекреирајќи се и разладувајќи се на брегот на Вардар. Посебно се задоволни од спортските и рекреативните содржини на одбојкарските игралишта, од интересот за детските реквизи и од одржувањето на културно-забавните хепенинзи. (Б.Ш.)
|