18.10.2011, 13:20 Дачиќ: Апел до КФОР да не се употребуваат насилни мерки
Заменикот српски премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ упати денеска апел до КФОР да не се преземаат насилни мерки на северот на Косово.
- Барикадите не се поставени од криминални групи туку се начин за политичка борба и изразување на ставот на Србите кои не сакаат заокружување на т.н. независност на Косово. Тоа би бил нивниот одогвоор на обидот за поставување цариници на административните премини спрема Србија, изјави Дачиќ.
Тој укажа дека е многу важно да се водат политички разговори и со дијалог да се решат проблемите.
- Потребно е да се најде начин единиците на КФОР да се снабдуваат на тие премини, а таму да не одат косовски цариници и полиција. Србите не сакаат судир, а ниту на КФОР и Еулекс не им е во интерес да живеат во непријателска околина. Многу е важно да не се случат инциденти бидејќи тоа може да има штетни последици за сите, нагласи Дачиќ.
|