Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.10.2011, 11:54
Парламентот и официјално го прекина пописот




Собранието на Република Македонија со гласови на парламентарното мнозинство синоќа го донесе Законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.

Опозицијата по завршувањето на расправата по Предлог-законот ја напушти собраниската седница, по што, претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во два наврати даде пауза за обезбедување на потребниот кворум од 62 пратеника. Законот го поддржаа и мнозинството пратеници од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Со законот, поднесен од Владата на Република Македонија, што беше единствена точка на дневниот ред на 12-та седница, се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот се смета за прекинат.

Министерот за правда Блерим Беџети при образложувањето на одлуката на Владата, рече дека причините за донесување на овој закон се недоследности и недоречености во примената од одредби од Законот за попис како резултат на недоволниот временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи.

Беџети објасни дека со предложениот Закон, пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот, Државниот завод за статистика ќе го уништи согласно на прописите за класифицирани информации. Направените трошоци, пак, во врска со спроведувањето во сила на Законот за попис ќе се исплатат од Државниот завод за статистика, кој, во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој закон треба да поднесе извештај до Владата.

Расправата, која траеше три дена, ја одбележаа меѓусебни обвинувања и реплики на пратениците од владејачкото мнозинство кое смета дека прекинувањето е во интерес на државата и на меѓуетничките односи и опозицијата која бараше одговорност за прекинувањето на оваа најобемна статистичка операција.

Пратениците од ДПА ја напуштија седницата и не учествуваа во работата на оваа собраниска седница, поради тоа што не се отворил поширок политички дијалог за процесот на пописот и што парламентарното мнозинство не одржало претходни консултации за законот што е на дневен ред.



Статијата е прочитана 911 пати.

Испрати коментар



Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука
Косово до крајот на 2011 ќе почне преговори за визна либерализација
Во напади на Курдите убиени 24 турски војници
Зголемен бројот на странски туристи во август
Бактеријата листерија усмрти 25 лица во САД
Парламентот ќе расправа за Извештајот на ЕК
Грција парализирана поради 48-часовен генерален штрајк
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Иванов на средба со емирот од Катар
Пожарот ги „затопли“ односите со Катар
Евтините кредити најрано од ноември
Крај на сезоната на градските плажи
Кралев најави зголемување на екстерните предмети од матурата
Емирот на Катар најави инвестиции
ЕБОР - Ќе забави растот на македонската економија
Јанкуловска - Пожарот во „Палас“ од неисправна светилка
Дачиќ - Апел до КФОР да не се употребуваат насилни мерки
Груевски - Грција воопшто не се труди да најде решение
Масовниот убиец Брејвик е непопуларен во затворот
Tехнома 2011 од денеска на Скопски саем
Гилад Шалит беше предаден на израелските власти
ОН повикаа на примирје за Олимпијадата во Лондон
Емирот од Катар денеска на средба со Груевски
(ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТОГАЛЕРИЈА) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
Пожар во Центарот за азиланти во Скопје
Владата ќе го зголемува нивото на електронска трговија
Емирот на Катар пристигна во Скопје
Исчезна службениот возач на ректорот на ДУТ
Владите, а не коморите да ги решат блокадите со Грција
Приведен малолетникот кој го ограби Бошкоски
ВМРО НП бара веднаш да се одреди датум за следниот попис
Италијански алпинист загина на Алпите
Лагард - ММФ има доволно капитал
Иво Санадер останува во притвор
Груевски - Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ
Мајка и ќерка загинаа во пожар во Трогир
Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип
Одложена одлуката за стечај на А2
Убиен синот на Гадафи, во Сирт грабежи
Четири жртви во сообраќајка во Скопје
Сообраќајот кон Грција повторно во прекин
Емирот на Катар во посета на Македонија
Насилство на протестите против капитализмот
Килограм злато украдено од стан во Скопје
Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
Ставрески - Со капитални инвестиции против европската криза
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот



Koj ja bruka i zosto Makedonija?, 16.10.2011 20:12:45
Turcija, t.e. Otomanskata Imperija prvo od strana na golemite sili bila PROGLASENA NESPOSOBNA da vladee, a duri potoa bile prevzemeni cekori za nejzino rasturanje! Za potsetuvanje samo toa ne bese slucaj so Jugoslavija neli? Vo Makedonija pak, edna politicka nomenklatura koja sto DIREKTNO e kontrolirana od MPO ( tvorba na sosedna drzava na Istok od Makedonija-p vo dogovor so nomenklatura od drzava na Zapad od Makedonija- vo kontinuitet) sistematski ja rastura i srami drzavata i ja proglasuva nesposobna da vladee, za da go realizira svojot dolgorocen plan ( uste od 1920). Imeno, za da ja podeli Makedonija po linijata na teritorijata za osvojuvanje(Contested Regions) ili podobro poznata kako otode Grupcin otkako prviot del od planot da se odzeme Kosovo od Srbija i da mu se dade na partnerot koj sto ke ovozmozi Bugarskata opcija da zgrapci del od Makedonija sto ne uspeala 1913 da go stori a za toa da i odstapi na Albanija del od otode Grupcin. Toa e JASNO!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |