Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.10.2011, 15:48
Владата ќе го зголемува нивото на електронска трговија




Владата преку имплементација на проектот „Македонските производи во светот - 100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи“ ќе го зголемува нивото на електронска трговија во земјава.

Согласно проектот, преку министерствата за информатичко општество и администрација и за економија во 2012 и 2013 година за 100 новоотворени или веќе постоечки македонски фирми ќе се обезбеди развој, имплементација и хостирање на веб-станиците на 100 електронски продавници.

Идната година ќе се изработат виртуелни продавници за првите 50 претприемачи, кои ќе бидат обучени според најновите технолошки и интернет трендови со што ќе бидат подготвени да ги продаваат своите производи во Македонија, но и во светот. Претприемачите ќе бидат избрани на конкурс преку презентација на краток бизнис план за чија подготовка ќе им биде обезбеден примерок.

- Една од причините за малиот пазар на електронска трговија во Македонија е малиот број на електронски продавници. Не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање, единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес од воспоставување на системо�� за водење на нарачки до поврзување со процесот за плаќање со кредитни картички, појасни министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната прес-конференција.

Министерот за економија Ваљон Сарачини проектот го оцени како уште еден чекор напред за подобрување на бизнис климата во земјава.

- Компаниите во Македонија преку имплементирање на концептот „електронска трговија“ конечно ќе можат да работат според принципот на електронска трговија, а со тоа и да можат да работат неограничено, односно 24/7 преку цела година, рече министерот Сарачини.

Тој посочи дека со воведувањето на електронската трговија значително се намалуваат режиските трошоци и трошоците за кирија, се обезбедува директен пристап до клиентите со елиминирање на посредниците и се обезбедува продажба во реално време.

- Реализацијата на овие активности ќе придонесе за подигнување на свеста за продавање и купување преку интернет, а со тоа и унапредување на електронската трговија и нејзино целосно функционирање во праксата, рече Сарачини.

Проектот предвидува во договор со избраните претрпиемачи да се сликаат производите, да се направи нивен опис, да се внесат податоци на македонски и на англиски јазик, како и да се овозможи натамошна нивна промоција и маркетинг на социјалните мрежи. За таа намена ќе биде ангажиран маркетинг експерт кој ќе ги обучи прептриемачите за стратегија за позиционирање на елементите на веб-страницата, а во 2013 се планира да се направи и „агрегатор“ кој ќе ги обедини сите производи од сите веб-страници на 100-те претприемачи во голема т.н. „суперстор македонска продавница“ налик на „Али баба“ во која ќе се овозможи и електронска трговија.

Во Македонија во оптек се 1,4 милиони кредитни картички, но обемот на електронска трговија во 2010 година кај македонските трговци изнесуваше само 80.000 евра, додека кон странските трговци беше дури 1,4 милиони евра.







Статијата е прочитана 1118 пати.

Испрати коментар



Судењето на „тигарот“ на 2 ноември
Банките да работат повеќе со фирмите, а помалку со Владата
Заменети бебиња во Медицинскиот центар во Кочани
Собирање на желбите на граѓаните
Полицијата употреби солзавец, 70 илјади луѓе на улиците
Почина француската заложничка Мари Дедио
Цената на нафтата над 88 долари
АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
Татко го влечел детето 30 метри закачено на кука
Косово до крајот на 2011 ќе почне преговори за визна либерализација
Во напади на Курдите убиени 24 турски војници
Зголемен бројот на странски туристи во август
Бактеријата листерија усмрти 25 лица во САД
Парламентот ќе расправа за Извештајот на ЕК
Грција парализирана поради 48-часовен генерален штрајк
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Иванов на средба со емирот од Катар
Пожарот ги „затопли“ односите со Катар
Евтините кредити најрано од ноември
Крај на сезоната на градските плажи
Кралев најави зголемување на екстерните предмети од матурата
Емирот на Катар најави инвестиции
ЕБОР - Ќе забави растот на македонската економија
Јанкуловска - Пожарот во „Палас“ од неисправна светилка
Дачиќ - Апел до КФОР да не се употребуваат насилни мерки
Груевски - Грција воопшто не се труди да најде решение
Масовниот убиец Брејвик е непопуларен во затворот
Tехнома 2011 од денеска на Скопски саем
Гилад Шалит беше предаден на израелските власти
ОН повикаа на примирје за Олимпијадата во Лондон
Емирот од Катар денеска на средба со Груевски
(ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТОГАЛЕРИЈА) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
Пожар во Центарот за азиланти во Скопје
Емирот на Катар пристигна во Скопје
Исчезна службениот возач на ректорот на ДУТ
Владите, а не коморите да ги решат блокадите со Грција
Приведен малолетникот кој го ограби Бошкоски
ВМРО НП бара веднаш да се одреди датум за следниот попис
Италијански алпинист загина на Алпите
Лагард - ММФ има доволно капитал
Иво Санадер останува во притвор
Груевски - Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ
Мајка и ќерка загинаа во пожар во Трогир
Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип
Одложена одлуката за стечај на А2
Убиен синот на Гадафи, во Сирт грабежи
Четири жртви во сообраќајка во Скопје
Сообраќајот кон Грција повторно во прекин
Емирот на Катар во посета на Македонија
Насилство на протестите против капитализмот
Парламентот и официјално го прекина пописот
Килограм злато украдено од стан во Скопје
Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
Ставрески - Со капитални инвестиции против европската криза
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација в�� опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот



deniskopje, 17.10.2011 19:30:12
Од досегашното искуство со неколкуте електроснки продавници, заклучив дека истите се 20-30% поскапи од редовните цени. Нашите онлајн продавници сакаат деловен простор во центарот на Скопје со поголем број вработени, па затоа мораат да си ги покријат високите трошоци. Секаде во светот тие што имаат продажба преку интернет се значително поевтини заради помалите трошоци биејќи се сместени во помали градови или села и се со минимален број на вработени. Кај нас се се решава од оџакот кон темелите.
zizi, 18.10.2011 08:46:57
A koi se tie proizvodi sto moze makedonskite firmi da gi ponudat na svetskiot pazar po konkurentni ceni ? P.S. Patlidzani i piperki ne se prodavaat preku internet
Ilija, 18.10.2011 08:58:23
Mislam deka ovj Ivo Ivanovski , se pokaza kako dobar minister , deckoto svarno se trudi okolu informatikava, bravo za nego !!!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |