Долниот дом на италјанскиот Парламент и изгласа доверба на владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Владата на десниот центар ја поддржаа 316 пратеници, додека 301 гласаа „против“.
Владејачката коалиција на десниот центар побара изјаснување за довербата на кабинетот откако во вторникот претрпе тежок удар бидејќи пратениците не го изгласаа предлог-буџетот за идната година.