17.10.2011, 14:16 Лагард: ММФ има доволно капитал
Меѓународниот монетарен фонд има доволно капитал за борба против должничката криза која ја зафати светската економија, изјави денеска извршната директорка на оваа институција, Кристина Лагард.
- Сметам дека ММФ моментално има доволно ресурси, истакна Лагард за Радио „Европа 1“, откако некои членки на Групата 20 најразвиени земји во светот на состанокот во Париз во петокот и саботата побарале зголемување на капиталот на ММФ за околу 350 милијарди долари, со цел оваа светска организација да може поуспешно да и се спротивстави на економската криза.
САД, меѓутоа, се изјаснија против зголемување на ресурсите на ММФ, укажувајќи дека тоа е непотребно.
Членките на Г-20 во Париз ветија дека ќе обезбедат ММФ да има доволно ресурси за да може да ги исполнува своите обврски и укажаа дека за тоа прашање ќе разговараат за време на Самитот на лидерите на Г-20 во Кан, во Франција, на 3 и 4 ноември.
Лагард во Париз повторно предупреди дека светските економски изгледи се влошиле од собирот на министри за финансии на Г-20 во Вашингтон на 22 и 23 септември и дека слабеењето на развиените економии „почнува да ги погодува и земјите во драстичен раст“.
|