19.10.2011, 15:10 Собирање на желбите на граѓаните
Фрлените монети што беа вадени со специјални кофи и со реквизити за чистење базени ќе се употребат за хуманитарни цели.
Екипи на градежната фирма „Бетон“ денеска ги расчистува паричките во фонтана на споменикот „Воин на коњ“.Облечени во нуркачки одела, екипи на ГП „Бетон“ го искористија есенското сонце за да ги соберат фрлените монети од водата на фонтаната на плоштадот „Македонија“.
Фрлените монети што беа вадени со специјални кофи и со реквизити за чистење базени ќе се употребат за хуманитарни цели.
Од Општина Центар соопштија дека во моментов фонтаната ја одржува и врши технички контроли ГП „Бетон Скопје“, фирмата која и ја изгради, а во најскоро време Општината ќе распише тендер за нејзино одржување.
„Ова е прва акција за собирање на паричките од фонтаната, кои ги собираа стручни лица ангажирани од изведувачот, односно градежната фирма ’Бетон‘ од Скопје, а во моментот кога се вадеа паричките присуствуваше и комисија од Општина Центар, составена од три члена. Паричките што се досега извадени ќе бидат наменети за хуманитарни цели“, објаснува Јовица Ацковски, портпарол на општина Центар.
Тој напомена дека контролите на фонтаната се редовни и паричките се вадат за д�� не предизвикаат несакани технички проблеми во работата на објектот (Б.Ш.)
|