18.10.2011, 13:13 Груевски: Грција воопшто не се труди да најде решение
Премиерот ели дека „ако продолжи оваа тактика на некои поединци од меѓународната заедница на неизбалансиран притисок, Грција нема интерес да се реши прашањето со разумен компромис“
Премиерот Никола Груевски е песимист дека наскоро ќе се реши прашањето за името. Во вториот дел од интервјуто за МИА, Груевски вели дека „ако продолжи оваа тактика на некои поединци од меѓународната заедница на неизбалансиран притисок, Грција нема интерес да се реши прашањето со разумен компромис“.
Според премиерот, во еден период средбите зачестиле, атмосферата се подобрила и се чинело дека се создале услови за разговор и решение. Тогаш имало и „различни идеи и можеби и волја кај нашиот сосед“.
- Сега се изменија условите, а на тоа придонесоа два фактора. Грција веќе повеќе месеци одбегнува средби, а и тие што ги има се несуштински, значи средби заради средби, каква што неодамна беше онаа меѓу министрите за надворешни, чија цел беше Грција да покаже пред партнерите во меѓународната заедница дека нешто работи и се труди. Всушност воопшто не се труди.
Првиот фактор за тој однос е економската криза во Грција која што освен што реално ги дефокусира, им создаде многу подобра позиција кај меѓународната заедница. Тие сфатија дека се темпирана бомба во рацете на ЕУ, која ако многу се притисне ќе експлодира, ќе има огромни штети, ќе има изгореници, жртви... И сфатија дека заради тоа никој не смее да ги допре или да ги притисне по прашањето на името.
Второ, гледаат дека притисокот во целост е на наша страна и го чекаат исходот од тоа. Се надеваат дека или ние ќе ги прифатиме нивните услови под притисок или ќе дојдат други времиња со други политичари, од кои имаат јасно ветување дека експресно ќе го решат проблемот. Тоа експресно се подразбира во чија корист ќе биде и затоа се комотни. Зошто тогаш Грција во една ваква ситуација би брзала со решението? Се надевам дека некој аргументирано ќе ме демантира за ова, вклучително и Грција - вели Груевски.
Според премиерот, Грција не ја засега премногу исходот од процесот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, бидејќи доколку го изгуби спорот, не планира да ја испочитува одлуката, зашто “пресметуваат дека сегашната ситуација во која се наоѓаат ќе им го овозможи тоа“.
- На опозицијата никој од оние што името и идентитетот нешто им значи не и верува по ова прашање, целосно го загубија кредитот со постапките во минатото. Нас делумно се уште ни веруваат, затоа што сме внимателни ни веруваат, но гледајќи под каков притисок сме сигурно дека ќе имаат резерва при која било наша заложба за решение во иднина - вели премиерот и додава дека ако сепак дојде до референдум јасно ќе го каже својот став.
Прашан за реакциите на неговиот коментар на изјавата на еврокомесарот Филе, Груевски одговара:
- Не сум сигурен дека има премногу негативни реакции за тоа. Но, јас одамна се навикнав дека во Македонија постојат политички и медиумски структури кои за „ерес“ го прогласуваат секое различно мислење од она на кој било дел од меѓународната заедница, макар била тоа и некоја маргинална странска невладина организација и кои сметаат дека безпоговорно треба се да се прифати, а ако може и самите да си ја додадеме вината, за да не засакаат.
Мислам дека тоа е погрешно. Треба отворено да ги кажуваме нашите размислувања и позиции. Тоа е во духот на демократијата која за ЕУ е на врвот на приоритетите. Ако може внатре во ЕУ секојдневно да има дебати и различни мислења по различни прашања од сите видови политики, ако таму има за се и сешто различни и спротивставени мислења и аргументи, на што ќе им личиме ние, а и што ќе постигнеме ако за се одговараме со „да, така е“, дури и кога различно сме убедени по одредени проблеми.
Секој отворен дијалог е покорисен отколку премолчувањето и наталожувањето на фрустрации кај нас. Некогаш тоа нема да помогне, но некогаш може и да помогне. Важно е да сме искрени пред себе и пред Бог. Се убивме од работа. Има и резултати, иако сме свесни дека имаме уште многу работа, но за толкав период зад нас направено е максимум. Знаеме дека го знаат тоа. Затоа што многумина од нив во неформални разговори тоа и ни го признаваат.
Дури еден висок преставник на ЕУ неформално ми кажа дека се надеваат оти брзо ќе се реши прашањето за името, оти веќе не знаат што да ни смислат да сработиме без отворање на преговорите и на скринингот, од кои треба да произлезат нови реформи. Тоа е чесно што ми го кажа. Но, некоректно е некои негови претпоставени да го говорат обратното. Други преставници од ЕК истото му го имаат кажано и на министерот Иво Ивановски, пред само неколку недели, и други членови на Владата слушнале вакви коментари. Затоа, јас велам, ако си искрен пред себе и пред Бог, вистината и правдата мора да дојдат.
|
|
Статијата е прочитана 1387 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goran, 18.10.2011 13:54:18 | Boze me sacuvaj ako e ova stil na govor na eden drzavnik i diplomat. Ova e kako pred selska kafeana koga nekoj seli dzek nesto dokazuva. abe toj mene mi prizna, onoj nemu taka mu rece. kako vo folklorot, abe cicko mi kazuvase ednas... da ne cuva Gorniot od takvi drzavnici. znam deka EU igra (i) orospiski i necesno so nas kon ova prasanje a za sosedite ic muabet da ne pravime, ama i takvi drzavnici ne biva bve lugje. nivo treba, ne selski palcko. se ubivme od rabota, Boze me sacuvaj. |
| Goran, 18.10.2011 18:04:58 | Alo imenjak, mozda tvojot B.C. ke te socuva, deka gospod od damna te napustil.
Se gleda deka B.C. si gi moibiliziral poltronite po vesnicive. Samo kako ne vi e sram da pisuvate vakvi gluposti po komentarive..... |
| koki, 18.10.2011 19:47:39 | Aferim bre Grujo..... pa nie toa go znaeme i pred ti da go pocnis mandatot.......sto mislese ti, so spomenici ke go dobies sporot?????? Toa samo Latas moze da go poveruva............. |
| bhc, 18.10.2011 19:48:13 | Ovaj Bokserov so tri srca go fati takva panika sto i pametot pocna da go gubi.Ili pak misli deka site sme budali i slepci kako negovite portokali so isprani mozoci.Ova e kulminacija na negovata arogantnost.
Grcija ne se trudi da najde resenie. Tocno taka. A zosto bi se trudela? Ako nekoj treba da se trudi, toa si ti.No Ti, nitu si se trdel,nitu se trudis,nitu ke se trudis nitu pak sakas da se resi sporot so imeto.Toe e granka na koja sedis.Valjda nema samiot da si ja secis grankata na koja sedis.No Evropa ke ti ja seci...veke pocnaja da ti ja secat.Izvestajot poveke neveli deka imeto e precka,svatija deka velejki taka vo nivnite predhodni izvestai,samo ti pomagaa da ostanis na vlast.Sega pocnaa da udiraat kade sto si najslab...REFORMITE.Te fati panika,go gubis tvojot edinstven adut za da ostanis na vlast-nacionalizmot-sega nemas so sto da im go peres mozokot na tvoite ovci.Zemjata pod tvoite noze pocnuva da bidi lizgava,ti se blizi krajot.Ova e POCETOK NA TVOJOT KRAJ. |
| vlado, 18.10.2011 21:32:20 | pritisokot e vrz nasa strana,zasto nie imame problem so imeto,ne tie.kako vtoro,sosema nepotrebno gi isprovociravte grcite so tnr.antikvizacija,im dadovte prostor da ne blokiraat sekade,pred toa tie ne ne blokiraa na evrointegrativniot pat,pa kako sto vikaat srbite,ako ne platis na mostu,platices na cuprii.ponataka,sosema nepotrebno,so sitni provokacii,gi svrtevte simpatiite na celiot svet od nas kon grcite,so anticki gluposti,demek nie ne sme sloveni,sme anticki makedonci itd,svetskata istorija znae koj e koj,i od kade,za razlika od nasata koja e dnevno-politicka,za vnatresnata politika i da ne zboruvam |
| Ристе, 18.10.2011 22:32:38 | проблемот е шт�� Груевски воопшто не сака да преговара |
| Gorann, 18.10.2011 22:36:44 | Imenjak, ti mene me obvinuvas za poltronstvo a jas samo iskazav mislenje, ne ni go falev ni B.C. ni negovata partija. tebe vednas umot ti pojde kaj B.C. pa da kontriras, sto znaci deka ti go branis N.G. i deka ti si poltronot vsusnost. eve jas velam deka i B.C i negovite se uzasni i od niv da ne cuva Gorniot, i jas ne glasav za niv. dali ti mozes istoto da go kazez za N.G. i negovite? ama vie poltronite (bilo od cija strana da ste) toa demnete, koj nesto ke kaze a de ne e isto mislenje so tie cij poltron ste, vednas da lepite etiketi i da delite. |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Делумно облачно
|
Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C
|
Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
|