17.10.2011, 14:08 Иво Санадер останува во притвор
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер уште најмалку два месеца ќе остане во проитвор, поради стравување дека тој може да ја напушти земјата. Тоа денеска го одлучи судијата Крешимир Девчиќ, кој готофрли барањето на адвокатите за Санадер да се брани од слобода.
Санадер во судот беше доведен утринава под силно полициско обезбедување, а во зградата го внесоа од спореден влез. Доколку беше донесена одлука за негово пуштање од притвор, во прашање ќе беше исклучително висока кауција.
Санадер е осомничен дека земал 3,6 милиони евра провизија од „Хипо банка“ во време кога бил заменик министер за надворешни работи. Делото било сторено додека тој посредувал во склучувањето со кој Хрватска земала кредит од таа банка, а со намена за обнова на хрватските амбасади.
|