08.06.2008, 18:01 Грци купуваат македонско археолошко богатство
Дивите копачи ги отстапуваат пронајдените антиквитети за нереални суми
БИТОЛА - Грчки прекупци, преку нелегални канали, го отуѓуваат македонското археолошко богатство, особено од времето на Александар Велики од 4 век пред нашата ера. Дивите копачи и лековерни граѓани за нереални суми ги отстапуваат пронајдените антиквитети, со што ја продаваат историјата, предупредуваат битолските археолози.
Експертите апелираат државата итно да основа фонд за откуп на македонските антиквитети и да овозможи легален пазар за продажба на вакви предмети со отворање аукциска куќа. Тоа е единствен начин да се спречи оваа негативна појава која може да му наштети на нашиот национален идентитет.
Историски драгоцености, керамика, монети, стакло, метал, украсни предмети од македонскиот период кои некои битолчани случајно ги пронашле во своите дворови или ниви, според сознанија на археолозите, се' почесто завршуваат на црниот пазар за антиквитети во Грција.
Грчки државјани доаѓаат во Битола и откупуваат се' што ќе најдат, дури и предмети што немаат особена вредност, но кои се поврзани со периодот од владеењето на Филип Втори и неговиот син Александар Велики. „Имаме неофицијални информации дека грчки прекупци особено во овој Битолски регион и воопшто во Пелагонија ги откупуваат сите оние антиквитети што дивите копачи и граѓаните ги нашле под земјата. Тоа се случајни наоди, но прераснува во мода луѓето да шетаат по ниви, да копаат, да бараат и да наоѓаат такви работи. Грците се заинтересирани буквално за се' што може да се земе и да се отуѓи од Македонија. Така, ни земаат дел од нашиот идентитет“, предупредува битолскиот археолог Енгин Насух, кој повеќе од 12 години работи на истражувањата во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, подигнат од македонскиот крал Филип Втори.
Иако не се знаат цените по кои Грците ги откупуваат предметите, сепак, според археолозите, сумите се далеку пониски од оние по кои истите тие наоди би се продале на пазарите во западните земји. Состојбите се дополнително отежнати и поради фактот што во државата не постои легален пазар на антиквитети. Токму поради тоа, вели Насух, една пронајдена монета кај нас вреди онолку колку што потрошиле археолозите за ископувањето.
„Во Македонија, за разлика од европските земји, нема официјален пазар на антиквитети. Кога немаш легален пазар, тогаш немаш ниту легална цена. Ако потрошиме 500.000 денари за едно ископување и сме нашле само две монети, за нас тие вредат по 25.000 денари, со таа разлика што на пазарот можеби не вредат ни 100 денари“, вели Насух. Токму поради ваквите состојби археолозите го лоцираат проблемот во државата, која засега се покажала немоќна да интервенира финансиски и да основа фонд за откуп на археолошките пронајдоци, а уште помалку да отвори и аукциски куќи.
„Нашата држава ќе мора да основа фондови за откуп на тие материјали и да оди по некои реални цени. Да основа аукциски куќи, фондации кои би биле под контрола на државата. Едноставно, државата има многу мали фондови за откуп на културното наследството. Односно се откупуваат само предмети кои ќе добијат многу голем публицитет во јавноста. Само тогаш државата интервенира, за да се заштити од некој срам“, смета Насух.
И додека државата не ги земе конците в раце, овој битолски археолог упатува на совеста на самите пронаоѓачи на антиквитети кои на ваков начин решиле да заработат. „Парите се трошат, а тоа што заминува е дел од нашиот идентитет“, напоменува тој. (А.Б.)
|
|
Статијата е прочитана 2054 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Toni, Kavadarci, 09.06.2008 00:18:11 | Cista desetka za prilogot i za ideite na avtorot. Ova e sostojba koja vo Makedonija, za zal ima golem zamav i iako e veke kasno, potrebno e da i se stavi kraj. I vo ovaa rabota, za sitni pari, dokazuvame deka najmalku mislime na nasata istorija, nasiot identitet i nasata drzava, |
| pogodi koj??, 09.06.2008 00:43:48 | Se soglasuvam. Morame sami da se zashtitime, mnogu se rasfrla so nasheto nacionalno bogatstvo. Na nekolku navrati sum prashala ulichni prodavachi dali imaat originali.... i normalno odgovorot beshe pozitiven za pogolema cena, kolku lesno se naogjaat.... ama nikako da se kaznat i da se prekine ovoj losh trend |
| Makедонија, 09.06.2008 00:44:00 | Ако од државата се изнесуваат вредни предмети поточно од антиката,тоа значи дека не функционира царината,или пак и тие се поврзани со шверцерите.Неодамна имаше на една наша ТВ станица каде еден од дивите копачи кажа дека соработувале со археолозите и дека од нив биле изнајмувани и дека тие ги плакале,понекогаш се случуваат жални работи,ама што да прават луѓето кога се донесени до дното на мизерното живеење па се снајдуваат.Не е за оправдување ама сиромаштија навлековме во нашава земја го достигнавме дното.Мислам дека треба да се отпочне со откупување на вакви историски предмети од страна на државата,а не да се трошат пари за лични задоволства на политичарите.Еден ден ке им биде мака дека така постапувале со народот,ние им даваме власт и богатство,тие нас сиромаштија. |
| Jon, 09.06.2008 01:35:57 | Predlagam za ova licno i pod hitno da bide izvesten premierot policijata carinata , i so zgolemeni kazni za prodavacite i uste pogolemi za kupuvacite da se zastiti ova nepovratno bogatsvo inaku, popsledicite ke bidat mnogu golemi |
| aco Avstralija, 09.06.2008 06:35:37 | Za Premierot ova e dobra provokacija da razmisli za drakonski kazni kakvi sto gi ima sekade vo svetot za prodavanje na vrednosti na edna drzava od koj se stvara istorijata na taa drzava. Za novinarot treba da ima nagrada od Vladata sto go potikna ova prasanje. Bravo Utrinski vesnik |
| jimmy1, 09.06.2008 08:48:03 | Neznam zosto gi narekuvaat divi kopaco. Vo demokratskiot svet sekoj ima pravo da kopa i da bara vredni istoriski predmeti i sve sto ke pronajde e nekova licna sopstvenost a ne sopstvenost na drzavata. Dokolku liceto saka da gi prodade najdenite predmeti (dokolku ne saka da gi prodava nikoj ne mozi da go prisili na prodazba) drzavata mu dava cena, do kolku ne e zadovolen od ponudenata cena togas bara stranski kupuvac koj ke ponudi najvisoka cena, a dokolku drzavata ne saka da se prodade vo stranstvo togas treba da mu ponudi pogolema cena za da go odkupi. Istoto e i so pronajdeni vrednosti, na primer zlato, pari i red drugo. Dokolku nekoj pronajde tasna vo koja ima milion dolari i liceti gi predade vo policijata, policujata pravi zapisnik i eden primerok od toj zapisnik mu dava na najduvacot. Dokolku vo rok od tri meseci ne se pronajde sopstvenikot na parite, parite mu se vrakaat na liceto sto gi pronaslo. Dokolku se pronajde treba da ima cvrsti dokazi za sopsvenosta, sleduva nagrada. |
| ecipecipec, 09.06.2008 09:14:55 | jadno makedonce.. i zadnicata ke si ja prodade, a kamoli istorijata .. veke videno niz istorijata . PA zatoa se prasuvame zosto ne sme imale drzava niz vekovite .. Pa pogledajte i sami |
| Ace, 09.06.2008 09:52:30 | Treba eden od novogrcite da se suredi, zaedno so eden od nasite predavnici. Pa da vidie kako se resava ova prasanje trajno. I da ne drobime siromastija i slicno... Nema toa vrska. I jas sum siromasen pa na grk ne bi mu prodal nikogas del od nasata istorija. |
| citatel, 09.06.2008 10:12:45 | Kako prvo prasanje e kade kopaat "divite arheolozi". Dali e toa lokacija zastitena od drzavata ili ne? Ako lokacijata e "zastitena" togas zosto nema obezbeduvanje, osvetluvanje, znaci itn. Poznato e deka vo Makedonija se se rabodi neplanski, bez krajna cel i povrsno. Nesto ce se zapocne i se ostava na milist i nemilost na vremeto i ludjeto. A ako divite kopaci kopale na svoja zemja ili pak na nezastitena lokacija (seuste neotkriena) od makedonskite "institucii" togas si imaat pravo da si baraat cena za pronajdenoto. |
| Potomok na Aleksandar, 09.06.2008 15:09:02 | Moj predlog e dokolku tn divi kopaci pronajdat drevni predmeti vo svoite nivi i kujki da nese kaznuvat tuku da se ohrabrat pronajdenite predmeti dagi prijavat vo Mak muzej da bidat ispitani dase proceni starosta da bidat registrirani slikani i zavedeno mestoto kade se najdeni i vrateni na sopstvenikot dokolku saka dagi cuva dokolku saka dagi prodade Makedoskite institucii treba dagi otkupat po sekoja cena i po nikoja cena nesmejat da izlezat od Makedonia . |
|
|
|
|
|
08.06.2008, 14:17 Претходен број
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Претежно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|