Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Магазин
Писма
23.09.2010, 17:37
Закупнината мора да се укине

Стојан Чундев, Скопје
Повод: Приватизација на градежно земјиште

За поздравување е, секако, неодамнешната одлука за продажба на градежното земјиште по цена од едно евро за квадратен метар. Лошо е, меѓутоа, што се предвидува оваа одлука да важи само до 27 јануари 2011 година, а што ќе биде потоа, никој не знае, освен оние во Владата што се занимаваат со оваа проблематика. Ваквото држење на населението во неизвесност е, најблаго речено, нехумано затоа што, според многубројните измени во Законот за приватизација на градежното земјиште, се спомнуваа огромни цени, како за откуп, така и за закуп на земјиштето. Неубаво е сегашното законско решение, според кое, постојат само овие две алтернативи (или откуп или закуп), со што во целост се исклучува варијантата да му се остави на граѓанинот сам да одлучи дали ќе го купи земјиштето или, пак, ќе ја задржи постојната опција - да има право на трајно користење на земјиштето, без никаков надомест.

Според тоа како се одвиваа работите во последните десетина години, се стекнува впечатокот дека во државната администрација постојат две струи што се со многу различни ставови: добрата, кон која е приклонет и министерот за финансии (макар што, за големо чудо, не баш толку одамна, изјави дека обесштетување на граѓаните што го платија градежното земјиште и до 10 евра за квадратен метар, не доаѓа предвид, затоа што се работи за богаташи) и лошата, која се заканува со воведување високи цени и за откуп и за закуп.

Да се разбереме: сегашната цена од едно евро за квадратен метар е сосема пристојна, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од градежното (па и сето останато) земјиште е добиено како бесплатно наследство од претходните владетели на државата. Тоа значи дека сегашната цена треба да остане со трајна важност доколку не се направи нова измена на соодветниот закон, со која ќе му се остави на граѓанинот да одлучи дали ќе го откупи земјиштето или не. Со еден збор, закупнината мора да се укине, затоа што таа, всушност, претставува не само принуда туку и уцена - нешто што не смее да си го дозволи една хумана држава како акт кон своите граѓани.

Макар што на темава може уште многу да се пишува (особено за апсурдот околу приватизацијата на земјиштето кај колективното домување), ќе наведам само уште еден факт, кој е несоборлив. Според она што се предвидува да следува по 27 јануари 2011 година, за сите оние што нема да стигнат да го откупат градежното земјиште, државата ќе започне да издава решенија за плаќање закуп на земјиштето. Колку ќе трае таа процедура и колку ќе бидат реални тие решенија, засега не може никој да каже. Факт е, меѓутоа, дека со таквиот акт државата ќе демонстрира крајна несериозност, покажувајќи дека таа располага со сите информации потребни за оформување на решението за закуп, додека денес, оние што преземаат постапки за откуп на земјиштето се принудени да вадат огромен број документи, при што губат и време, и пари, и нерви. Единственото решение на овој парадокс (доколку државата, сепак, си остане на одлуката: откуп или закуп) е, надлежниот орган да подготви еден единствен формулар во кој за секој корисник на градежно земјиште поединечно ќе бидат внесени сите податоци за парцелата, со назначување на двете цени: за откуп и за закуп. Ваквиот формулар ќе биде еден вид договор меѓу граѓанинот и државата, со тоа што обврзникот ќе ја има можноста да се определи за онаа варијанта што повеќе ќе му одговара. Спроведувањето на оваа постапка ќе бара подолго време за да може да се реализира, но друга варијанта навистина не постои.

Статијата е прочитана 1419 пати.

Испрати коментар



Бесплатни учебници



Komentator, 24.09.2010 12:32:58
Avtorot dobro posocuva...zosto e prodazbata limitirana so datum...?? Sto se krie pozadi toa...dali ovaa cena e cist populizam...dnevno politicka akcija..koja trae na odredeno vreme..za necij interes...Do vcer zitelite na stanbeni objekti vo golem format... lutaa sto so dokumentacija ili dobro kazano ogromna birokratcka procedura sto i za tri godini ne mozeze da se zavrsi...sega da trcame i so iljada cekori ne moze pak vo toj rok da go postigneme FINISOT...zosto sekoj den pravila na igrata se menuvaat...Zatoa premiere ako so ovaa cena se simnavte vo narodot togas i ostanete tamu da ni gi vidite MAKITE....!!! .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Магазин |