Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Култура
07.05.2010, 15:02

Две македонски книги издадени во Франција

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Париз- Деновиве во Франција беа објавени два преводи на македонски книги. Станува збор за „Македонските народни приказни“ запишани од Марко Цепенков и „Демонот од Дебар Маало“ од Горан Стефановски, кои ги преведе Марија Бежановска, поранешен новинар во Радио Франс интернационал. „Македонските народни приказни“ се издадени од страна на издавачката куќа „Mokeddem“, додека „Демонот од Дебар Маало“ е во издание на „L’Espace d’un instant“.

Во предговорот на француското издание на „Македонските народни приказни“, меѓу другото се подвелкува: „И Македонците ги имаат нивните браќа Грим, браќата Миладиновци. Но скромниот кројач од Прилеп, Марко Цепенков е тој кој што им го даде на македонските народни приказни местото што тие го имаат во Македонија. Приказните запишани од Цепенков се душата на македонскиот народ и општество, во кои се открива целото богатство на македонскиот јазик“. Непосредно пред објавувањето на македонските народни приказни, Марија Бежановска го преведе и објави како книга на француски јазик многу актуелниот театарски текст на Горан Стефановски „Дебар Маало“. Неодамна тој беше презентиран во театарот на „Ронд Пуан“, еден од централните театри на Елисејските полиња во Париз со кој има раководено познатиот Жан-Луи Баро. Познавачите велат дека читањето на текстот било мошне добро направено, така што предизвикало големо интересирање кај публиката. Најнова вест е што текстот идната година ќе биде поставен на сцена, а деновиве ја доби и наградата на Францускиот национален центар. Бежановска, покрај текстот од Стефановски, превела и: три текста на Жанина Мирчевска, како и романите на Божин Павловски, Ташко Георгиевски Живко Чинго, а во моментов го довршува преводот на романот „Вештица“ од Венко Андоновски.


Статијата е прочитана 1286 пати.

Испрати коментар



Современата македонска драма на руски јазик
Настап на Градскиот оркестар за Денот на Европа
Атрактивна програма на годинашните „Мајски оперски вечери“
Единаесет претстави на 45. МТФ „Војдан Чернодрински“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C

Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |